Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Регионална средба на АЦВ и „Евроконтрол“ во Скопје посветена на натамошниот развој на цивилното воздухопловство

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), во соработка со „Евроконтрол“, во Скопје реализира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), во соработка со „Евроконтрол“, во Скопје реализира дводневна регионална средба посветена на клучните предизвици, приоритети и идни насоки за развој на цивилното воздухопловство.

Како што се наведува во соопштението од АЦВ, на состанокот учествуваше висока делегација од „Евроконтрол“, предводена од генералниот директор Раул Медина, како и генерални директори и експерти од воздухопловните власти и контролите на летање на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Црна Гора, Романија и Србија.

– Средбата овозможи отворен и конструктивен дијалог за прашања од стратешко значење за регионот, со посебен акцент на заедничките предизвици, размената на искуства и можностите за натамошно унапредување на европската воздухопловна мрежа – се посочува во соопштението од АЦВ. 

Реклама

Во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и променливи геополитички околности, југоисточниот дел на Европа добива сè поголемо значење во рамките на европскиот воздухопловен систем. Во тој контекст била нагласена потребата од координиран пристап, навремено планирање и продлабочување на регионалните партнерства, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност, ефикасност и отпорност на воздушниот сообраќај.

Во фокусот на разговорите биле и низа актуелни прашања од областа на воздухопловниот транспорт, како што се: зголемувањето на капацитетите во услови на растечки сообраќај, отпорноста на системите и кибербезбедноста, цивилно-воената координација, модернизацијата и дигиталната трансформација на управувањето со воздушниот сообраќај (ATM), интеграцијата на нови учесници во системот, како и развојот на човечкиот капитал и стекнувањето нови знаења и вештини потребни за иднината.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, во своето воведно излагање, истакнал дека одржувањето на оваа значајна регионална иницијатива во Скопје претставува потврда за активната улога и придонесот на земјата во развојот на регионалната воздухопловна соработка.

– Овој состанок е значајна можност за отворена размена на искуства, знаења и најдобри практики со партнерите од регионот и „Евроконтрол“. Во време на брзи промени и нови предизвици во воздухопловниот сектор ваквиот вид регионален дијалог е од особено значење за навремено препознавање на потребите и заедничко креирање решенија, кои ќе придонесат кон поголема безбедност, ефикасност и отпорност на воздухопловниот систем – истакна Стојаноски.

Тој додаде дека ваквите иницијативи се значаен придонес и кон јакнењето на институционалните капацитети и натамошното усогласување со европските стандарди и современите трендови во цивилното воздухопловство.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, како што се наведува, останува посветена на унапредувањето на меѓународната и регионалната соработка, размената на знаења и искуства и создавањето услови за стабилен, безбеден, ефикасен и отпорен воздухопловен систем, способен да одговори на идните потреби на патниците, индустријата и европската воздухопловна мрежа.

„Евроконтрол“, пак, преку Програмата за поддршка на државите (Support to States Programme) и својата функција на менаџер на европската мрежа (Network Manager), продолжува да обезбедува експертска поддршка, современи алатки и специјализирани решенија за националните воздухопловни администрации во согласност со нивните приоритети и специфични потреби.