Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Регионална конференција за соработка за интеграција во ЕУ: Парламентите се во сржта на трансформациите на земјите

Пристапувањето во ЕУ повторно си ја врати стратешката важност во Европа, нашата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пристапувањето во ЕУ повторно си ја врати стратешката важност во Европа, нашата заедничка цел е да ја искористиме оваа шанса во мерлив напредок. За Западен Балкан, европската интеграција не е само надворешна политичка цел, туку тоа е сеопфатен процес на демократска трансформација и институционално, економско и општествено зајакнување и развој – истакна вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, кој учествуваше на отворањето на дводневната конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“, што се одржува денеска и утре во Собранието.   

– Парламентите се наоѓаат во сржта на оваа трансформација. Процесот на европската интеграција не може да биде носен само од владите. Неговата демократска легитимност и кредибилитет зависат од активното учество на парламентите. Владите преговараат и ги имплементираат реформите, парламентите ги носат законите и ја набљудуваат имплементацијата – рече Сали. 

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, нагласи дека до крајот на годината се очекуваат насоки од ЕУ за начинот и чекорите што треба да се преземат во натамошниот процес за проширување по предлозите од страна на Германија и Франција. 

Реклама

– Најважно во државата, како што рече и министерот, е градење национален консензус. Сметам дека во нашето општество го постигнавме тоа. Да се стане членка на ЕУ е една од најсилните цели што е поддржана од сите политички партии – рече Милошоски.

Гледаме дека има нов моментум, додаде Милошоски, посочувајќи дека не е едноставно да се транспонира европското законодавство, но дека потешка задача е имплементирањето на усвоеното законодавство во вистинскиот живот, во институциите, во владеење на правото… 

– Навистина ми е драго што во моментот Франција и Германија предложија нова агенда, предложија еден нон пејпер за интеграција на регионот, кој подразбира постепена интеграција на регионот. Тоа го почитуваме. До крајот на годината се надеваме на консензус од Унијата меѓу земјите членки за да биде истото транспонирано на начин што ќе им олесни на парламентите, но и на комисиите за европски прашања во нашите парламенти, како и што ќе добијат за возврат – рече Милошоски. Нагласи дека е важно е да се знае кој е нивниот план на активности во однос на постигнувањето на одредниците за членство во ЕУ. Истакна дека има политичка волја да се искористат сите институционални и кадровски ресурси, но повтори дека се потребни насоки. – Потребна ни е постојана и стабилна поддршка од ЕУ – рече Милошоски.  

Вршителот на должност амбасадор на Германија, Јан Аксел Вокс, рече дека проширувањето на ЕУ е заеднички интерес на двете земји.

– Мојата влада уште во мај почна да притиска за подинамичен процес во Унијата. Верувам дека за оваа идеја за подинамичен процес е многу интересна за овој панел денес и утре – рече Аксел Вокс.

Според него, парламентот има една незаменлива улога во процесот на проширување и не е само формална.

– Во суштина парламентите имаат клучна улога во овој процес – порача Аксел Вокс. 

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, истакна дека ваквите конференции овозможуваат директен и отворен дијалог, размена на искуства и заедничко разгледување на предизвиците и можностите со кои се соочуваат парламентите во регионот на патот кон Европската Унија. Зборуваше за надзорната улога на парламентите посочувајќи дека ефективниот парламентарен надзор подразбира создавање систем во кој институциите се меѓусебно одговорни, одлуките се носат транспаретно, јавните политики се предмет на аргументирана дебата, а преземните обврски се следат и навремено се исполнуваат. 

На дводневна конференција, на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“, ќе се разгледа улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон ЕУ.

Во текот на денешниот ден се одржуваат неколку сесии, а првата беше посветена на улогата на парламентите на Западен Балкан во процесот на пристапување кон ЕУ: новини и случувања на европско и регионално ниво.

По завршувањето на двете сесии утре, предвидени се завршни обраќања и затворање на конференцијата.