Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Реакција од Јордан Савески: Не постои поврзаност на Филипче со куќата што ја градиме, таа се прави со сопствени средства

По четири дена од објавувањето на првиот прилог на Алфа во врска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По четири дена од објавувањето на првиот прилог на Алфа во врска со ова, денеска стигна реакција од докторот Јордан Савески, сопруг на споменатата тешта на министерот, Катерина. „Конструирате непостоечка поврзаност на министерот Филипче со градба на куќа на моето семејство во која јас инвестирам“, стои во демантот од Савески. Тој смета дека ако Алфа сакала да обезбеди информација требала прво да се најави а дури потоа да оди во домот на Савески за да бара одговори, додека ова било непрофесионално. Објаснува дека вчера биле на погреб и затоа не биле дома. Савески смета дека телевизијата била тенденциозна со цел да му наштети на честа и угледот на Филипче а со тоа и на неговото семејство. „За ваша информација, куќата која се гради во Нерези е инвестиција на семејството Савески и нема апсолутно никаква поврзаност со министерот Филипче. Имено, инвеститор со сопствени средства на наведената куќа е семејството Савески, т.е мојата сопруга Катерина Савеска и јас проф д-р Јордан Савески, доктор трауматолог со повеќе од 49 годишно искуство, меѓународно признат хирург трауматолог кој работел и се уште работи на повеќе приватни клиники во земјата и странство. Со оглед на тоа дека вашиот прилог не штити никаков јавен интерес туку со конструкции директно ја нарушувате честа и угледот на моето семејство градена со децении макотрпна работа, ви најавувам дека доколку не го објавите овој демант, ќе биде поведена судска постапка за нарушување на честа и угледот, пишува во демантот од Савески. На крајот докторот нагласува дека ако се повтори наше ненајавено појавување во нивниот дом ќе поднеселе соодветна пријава за вознемирување. Алфа работи исклучиво согласно професионалните новинарски стандарди во врска со сите теми што се предмет на јавен интерес. Во продолжение целиот демант интегрално:

До
Телевизија Алфа

Предмет: Демант

Реклама

Почитувани,

Во врска со прилогот Трет ден без одговори : Алфа во нејзиниот дом ја побара тештата на Филипче, вратата остана затворена, објавен на Вашата телевизија Ве известувам за следново :

Најпрво, околу Вашето ненајавено доаѓање пред нашиот дом и Вашата конструкција дека вратата останала затворена да ги добиете бараните одговори е најблаго кажано врвен непрофесионализам. Сакам само да Ве известам, дека во периодот кога новинари од Вашата телевизија, без било каква претходна најава снимаа пред нашиот дом, со мојата сопруга бевме на погреб на близок роднина.

Што се однесува до наведениот скандалозен прилог објавен неколку дена предходно, истакнувам дека истиот е невистинит, клеветнички и тенденциозен и има за цел да наштети на честа и угледот на министерот за здравство Филипче, но посредно и на моето семејство. Истиот нема за цел да објави факти или вистинити податоци, туку единствено да исконтструира непостоечка поврзаност на министерот Филипче со градба на куќа на моето семејството, во која јас инвестирам. Доколку Вашата намера била да се добие одговор од семејството Савески ќе се обидевте да стапите во контакт и побарате информација пред објавување на Вашиот целосно невистинит и тенденциозен прилог.

За Ваша информација, куќата која се гради во Нерези е инвестиција на семејството Савески и нема апсолутно никаква поврзаност со министерот Филипче. Имено, инвеститор со сопствени средства на наведената куќа е семејството Савески, т.е мојата сопруга Катерина Савеска и јас проф д-р Јордан Савески, доктор трауматолог со повеќе од 49 годишно искуство, меѓународно признат хирург трауматолог кој работел и се уште работи на повеќе приватни клиники во земјата и странство.

Со оглед на тоа дека Вашиот прилог не штити никаков јавен интерес туку со конструкции директно ја нарушувате честа и угледот на моето семејство градена со децении макотрпна работа, ви најавувам дека доколку не го објавите овој демант, ќе биде поведена судска постапка за нарушување на честа и угледот.

На крајот, Ве известувам дека Вашето појавување пред вратата на домот на семејството Савески е грубо кршење на уставното загарантирано право за неповредливост на домот и Конвенцијата за човекови права и слободи и доколку продолжите со ваквото вознемирување ќе биде поднесена соодветна пријава за вознемирување до надлежните државни институции.

Со почит,

Скопје, 12.02.2020 година проф Д-р Јордан Савески