Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Реагираше Вангеловски: Заев се себепромовира како голем моќник и претставува како мој голем пријател

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски контра Зоран Заев. Во изјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски контра Зоран Заев. Во изјава за Плусинфо, вели поранешниот премиер преку него сакал да покаже дека е голем моќник и негов голем пријател. Тој потенцира дека разговорот е воден во мај 2019 година, кога во Врховниот суд немало предмет во кој тогашното СЈО се појавува како странка.

-Сите тие постапки беа завршени неколку месеци пред тоа. Со господинот Заев, јас како претседател на највисокиот македонски суд, сум имал неколку средби остварени во премиерскиот кабинет при што бев почестен со кафе и со вода. Од тука, мене објавениот разговор или монолог ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател, вели Вангеловски.

Вангеловски вели дека важен податок од слушнатото, кој кореспондира со подоцнежните случува се споменатите судии, за чие разрешување зборува Заев. Од нив како што вели екс претседателот на Врховен, разрешени се тројца кои не сакале да бидат послушници на власта, а за останатите постапките се запрени, а повеќето од нив унапредени.

Реклама

-Ако се анализираат повеќе јавни изјави на сопартијци на господинот Заев дадени од високи функционерски позиции, кои во прво лице множина зборуваат за моето разрешување, лесно ќе дојдеме до заклучокот дека се разрешени тројца судии кои не сакале да бидат послушници. Анализирајте кои се останатите судии против кои се водени двете споменати постапки, а за кои постапките се запрени и ќе видите дека повеќето од нив се веќе унапредени. Јас знаев дека постапката за моето разрешување, која сѐ уште трае, е политичка одлука, но добро е дека на овој начин и јавноста ќе биде запознаена, а господинот Заев денес јавно објави дека се работи за автентична снимка, вели Вангеловски.

Вангеловски вели и дека маршот кој Заев го нарече „Чекориме за правда“, се одржувал дента кога имало рочиште по неговата жалба, кое како што вели тој на нивна жал одложило, па листовите од напишаните говори на таа тема им останале за рециклирање.

Матеја Петровски