Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Разрешувањето на Коцевски пред пратениците

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да се најде на дневен ред на следната пленарна седница во Собранието. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши, на брифинг со новинарите.

Според Гаши, поканата до Коцевски сè уште не е официјално испратена, но таа треба да му биде доставена во текот на денот, со што ќе биде исполнета процедурата за негово присуство и изјаснување на седницата.

Претседателот на Собранието информираше и дека до крајот на декември се планирани вкупно четири пленарни седници. На 23 декември, пред пратениците, годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, додека на 25 декември е закажана седница за пратенички прашања.

Реклама

Покрај ова, Гаши најави дека во наредниот период се очекува усвојување на два значајни закони од реформската агенда – Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет, додека за останатите реформски закони се чека тие официјално да пристигнат во собраниска процедура.