Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Размена на знаења, искуства и стручна експертиза – меѓу клучните придобивките од стратешкото партнерство

Со потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој договор обезбедува рамка од пет милијарди фунти, или шест милијарди евра кои ќе предизвикаат сериозен инвестициски циклус што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст.

Освен реализацијата на крупни капитални проекти, кои ќе придонесат за раст на економијата, важен дел од договорот е и размената на најдобрите стручни експертизи и современи знаења по разни области.

Реклама

Размената на знаење и најдобри практики меѓу нашите две земји ќе биде од централно значење за овој договор, црпејќи од експертизата во соодветните инфраструктурни области на двете земји.

Стратешкото партнерство вклучува соработка меѓу компании и влади, размена на искуства и знаење, техничка помош и експертиза од британски владини институции за поддршка на инфраструктурните проекти.

Со искористување на знаењата, експертизата, владините институции и иновациите на двете земји, ова партнерство ќе го поттикне развојот на инфраструктурата и на државата воопшто, што придонесува до развој и просперитет.

Ова значи дека Владата на Обединетото Кралство и британските бизниси ќе работат во партнерство со македонската Влада и нивното знаење, експертиза и локален синџир на снабдување ги ставаат на располагање за реализација на инфраструктурните проекти низ Македонија.

Дел од договорот предвидува дека врвни професионалци, како на пример од областа на здравството, специјалисти од јавното здравство ќе соработуваат со нашата држава за изградбата на болниците и нивно опремување со најсовремени технологии“, нотираат од партијата.

-Со споделување на најновите знаења, експертизи и иновации за испорака на отпорна инфраструктура се предвидува квалитетна и брза изградба на инфраструктурните проекти, со британска експертиза, според британски стандарди.

Овој пристап го става на располагање искуството, знаењето, експертизата и британските институции за техничка поддршка на Македонија и тоа ќе генерира големи придобивки за државата, додааваат во соопштението.

Примена на британската експертиза и знаење, стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, освен инфраструктурна трансформација, ќе обезбеди трансформација и развој во образованието, науката, технологијата, иновациите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.