Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Бизнис

Расте откупната цена на земјоделските производи, повеќе пари остануваат за производителите

Откупнта цена на земјоделските производи во Македонија бележи значителен пораст што значи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откупнта цена на земјоделските производи во Македонија бележи значителен пораст што значи повеќе пари за земјоделците и поголеми можност за инвестициии. Според последниот извештај на Државниот завод за статистика евидентиран е раст од 12.7 % кај растителното производство и 6.7 % кај добиточното производство, додека трошоците пораснале значително помалку.

За 1.6% се зголемиле тековните трошоци, а 7.6 % повеќе пари од лани биле потребни за инвестиции. Ова значи дека земјоделците заработиле затоа што растот на откупната цена е поголем од тој на трошоците. Според премиерот ова е тренд веќе неколку месеци наназад и е позитивен сигнал за секторот

Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би рекол незначителен  1,2  2 % зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците.  И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи  повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците.“, информираше премиерот.

Реклама

Владата ги расчисти долговите за неисплатени субвенции кон земјоделците до 2024-та година и сега треба да почне исплатата за тековната година. За заостанати субвенциии од 2021 година, лани се исплатени повеќе од 130 милиони евра

„Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што  од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, од прилика.“, објасни Мицкоски.

Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на вчерашниот ден информираа дека се исплатени 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Покрај расчистувањето на старите долгови кон земјоделците Владата паралелно спроведува неколку мерки со кои ќе се поттикнат земјоделците. Една од нив е проектот „ млад земјоделец“, со кој се нудат до 10 илјади евра поддршка на земјоделци од 18 -40 години.