Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Расте бројот на заразени од жолтица, епидемија не се прогласува

Расте бројот на заразени од жолтица, ама надлежните нема да прогласат епидемија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на заразени од жолтица, ама надлежните нема да прогласат епидемија. Уште еден заразен е хоспитализиран на Инфективната клиника, но според Филипче, нема простор за паника, оти случаите не се поврзани. Тој вели дека училиштата не се извор на зараза, иако веќе во девет образновни институции има ученици кај кои е потврдена жолтица. Состојбата, вели Филипче, будно се следела.

-Имаше повеќе работни средби од страна на експерти од Институтот за јавно здравје и најбитно е тоа што нема епидемиолошка поврзаност на случаите, туку сите тие се поединечни и во повеќе школи, што значи дека не е изворот школите, туку е донесена жолтицата од надвор. Будно се прати сиутацијата. Морам да апелирам и да препорачам заразната жолтица е болест на нечисти раце.  Апелирам до децата, задолжително да ги мијат рацете, заради тоа што е начинот на кој што оваа болест се спречува односно не се појавува, изјави Филипче.

На Клиниката за инфективни болести во моментов има 14 заразени пациенти. Оттаму за Алфа велат оти нема посериозни случаи, како и дека возраста на заболените е различна.

Реклама

Во последните 24 часа, до пладнево, потврдени се два случаи. Станува збор за пациенти на 18 и 29 годишна возраст. Нема потреба од паника. Хепатитот А се нарекува и болест на нечисти раце, затоа неоходно е подигнување на свеста за хигиената, особено во образовните институции. Ниту еден пацинет од 14 -те што се хоспитализирани нема критична, или загрижувачка состојба, велат од Инфективната клиника.

Бројот на заболени од жолтица за три месеци е 62. Меѓу нив, професор и 15-тина ученици од неколку скопски училишта.

Сања Трајковска Ставров