Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Расте бројот на поплаки од купување преку фејсбук и електронски продавници

Неисправен или неквалитетен производ, долг период на испорака, немање гаранција, недоволно информации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неисправен или неквалитетен производ, долг период на испорака, немање гаранција, недоволно информации за фирмата, различен продукт од оној на слика, немање формулар за повлекување на нарачката. Со овие проблеми се соочуваат дел од оние што купуваат он-лајн. Расте и бројот на граѓани кои купувале од одредени фејсбук страници, а потоа не можеле да ги вратат производите или да стапат во контакт со трговецот. Над 90 поплаки за 6 месеци или 15% од вкупно примените 600 до Организацијата на потрошувачи се однесуваат за електронската трговија.

Овие трговци се фирми, но не ретко и физички лица кои се обидуваат да вршат измами на социјалните мрежи. Од Организацијата на потрошувачи велат дека е тешко да се најдат и санкционираат бидејќи се дел од сивата економија, работат нелегално, а некои се регистрирани и надвор од земјава. Апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да инсистираат при купувањето да добијат фактура и фискална сметка, да ги проверуваат контактите на компаниите, за да не останат со празни раце. И покрај жалбите, сепак санкции нема. Од Секторот за компјутерски криминал и форензика при МВР велат дека до нив не пристигнала ниту една поплака од незадоволните граѓани кои купувале преку социјалните мрежи. Институциите си ги префрлаат надлежностите, но од Организацијата на потрошувачи велат дека граѓаните често не знаат каде да поднесат приговори, па тие им даваат инструкции.

Откако поради коронавирусот се повеќе фирми се ориентираа да продаваат он-лајн, електронската трговија во месец март пораснала за скоро 100% во однос на март претходната година. Лани, пак, Македонците потрошиле 169 милиони евра на онлајн купување, што е пораст за 26,5%. Биле реализирани за скоро 24 отсто повеќе трансакции.

Реклама

Тања Попова