Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Свет

Расте бројот на потврдени случаи со хантавирусот

Дванаесет холандски лекари се во шестнеделен карантин поради контакт со телесни течности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дванаесет холандски лекари се во шестнеделен карантин поради контакт со телесни течности од пациент заразен со хантавирус од крузерот. Болницата соопшти дека ризикот е низок, но мерката е превентивна. Во Париз, Французинката заразена со вирусот е во критична состојба и на респиратор.

„Пациентката моментално има најтешка кардиопулмонална форма на болеста и прима последна фаза на поддржувачка нега, ставена е на респиратор за кој се надеваме дека ќе ѝ овозможи да го помине овој тежок период додека нејзините бели дробови заздравуваат“, изјави Ксавиер Лескур, специјалист за заразни болести во болницата Бишат, Париз.

Шпански патник е последниот потврден случај и е во карантин во Мадрид. Според СЗО, има 11 случаи, 9 потврдени и три смртни, меѓу нив холандска двојка. Аргентина испраќа научен тим за да го истражи потеклото на епидемијата, откако беше објавено дека починатата двојка, која прва се заразила на крузерот, претходно неколку месеци престојувала во земјата.