Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Раст на прометот во индустријата

– Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 2.7 % во јули…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 2.7 % во јули 2026 година во однос на јули лани, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година во однос на јули 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.7 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 6.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, бележи опаѓање од 8.5 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 2.3 %.

Реклама

На домашниот пазар има пораст од 8.5 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, зголемувањето е 3.8 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи пораст од 1.9 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 2.2 %.
Главни поенти
 Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 2.3 %; Производство на метали со 7.3 %; Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 1.9 %.