Реклама
Бизнис

Раст на домашниот пазар на капитал – индексот МБ10 зголемен за 2.5%

Актуелнитегеополитички турбуленции и макроекономски предизвици на светско ниво не се одразиле негативно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелнитегеополитички турбуленции и макроекономски предизвици на светско ниво не се одразиле негативно врз работењето на македонската берза,уверува првиот човек на националната берза Шериев. Тој укажува дека во првите три квартали од годинава прометот на берзата изнесувал околу 100 милиони евра,што е приближно еднакво на ланското ниво.Иако ценовните движења продолжија со бавен пораст, главниот берзански индекс МБИ10 оваа година е пораснат за 2,5 проценти и расте во континуитет. Споредбено пак со предпандемиската 2019-та неговата вредност е порасната за 125 проценти. Но,останува предизвикот како да се зголеми бројот на компании кои ќе учествуваат на берзата.Од 90-те акционерски друштва кои случиле договор со берзата,тргуваат само 20 до 30 компании.

 Тоа е прашање кое нема лесен одговор и нашето мислење како македонска берза базирано на искуства на некои други помали пазари  е дека за тоа е потребна координација на повеќе институции, вклучувајќи ги тука државата, приватниот сектор, здруженијата на коморите.Но, треба компаниите секогаш да имат предвид дека во услови на некакви шокови,а видовме во последните години,пандемијата,инфлацијата ,цените на енергенските.Во дадени такви ситуации треба да има поголема капитализираност на компаниите”-рече Иван Штериев,директор на Македонска берза

Македонскиот пазар иако стабилен е релативно мал, често недостасува ликвидност, а тоа е клучен фатор кога компаниите бараат долгорочни средства,истакна Димитреска Кочоска,споделивајќи какви мерки превзема министерството со кое раководи.

Реклама

 “Министерство за финасии во последниот период активно работи и е во постојана комуникација со македонската берза се со цел пазарот на капитал да заживее. Затоа што ние како министерство сметаме дека тоа е потенцијал или извор на финасии за голем дел од компании.Особено оние кои што немаат или потешко имаат пристап до традицоналното финасирање односно банкарскиот сектори.И би рекла потешко во банкарскиот сектор можеме да обезбедиме финансии за иновации кои што секој пат се поризични рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска

Со поврзувањето на пазарите им се дава шанса на помалите и средни прептпријатија полесно да дојдат до капитал, да ја зголемат конкурентноста и да најдат партнери надвор од границите на државата. На тој начин не само што јакне пазарот на капитал, туку ја потткнуваме и економијата да расте побрзо и поодржливо,истакна ресорната министерка.