Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Распуштањето на собранието пред пратениците најдоцна до Среда, Џафери ќе чека договор за Законот за обвинителство

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието на 12 Февруари ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието на 12 Февруари ќе се најде пред пратениците. Спикерот Талат Џафери вели дека има обврска секоја иницијатива која дошла до него да ја стави на гласање.

“Јас сум должен предлогот што ќе го добијам да го ставам на седница. Одлука има меѓу лидерите дека одат на избри на 12 април, според Законот на Влада сто дена пред изборите се формира техничка Влада. Таа дилема мислам дека не постои”, вели Џафери.

Што се однесува до Законот за јавно обвинителство единствено усогласена верзија меѓу власта и опозицијата ќе биде ставена на дневен ред. Во спротивно, доколку не постои согласност, Џафери не гледа потреба од политички театар.

Реклама

“И до 23:00 часот на 12-ти да биде дојден предлог усогласен има процедурална можност тој предлог да биде претворен во закон. Неспорно, но на крај на мандат пред распуштање на Собрание само да се отвори седница, а неусогласен предлог, и да се претвори во театар е тоа немам намера. Нема потреба од некаква тензична ситуација пред одење на избори”, изјави Џафери.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски е оптимист дека до распуштањето на Собранието власта и опозицијата може да изнајдат заеднички јазик за законот за обвинителство.

“Ако можеше овој парламентарен соствав да направи низа чекори и да влече многу храбри потези кои значеа гарантирање на остварувањето на националните заложби, тогаш не гледам причина зошто да не може да се издигне на нивото на задачата и да биде изгласан закон за јавно обвинителство и со тоа да дадеме уште еден позитивен аргумент пред Европскиот совет зошто треба да ги започнат преговорите за членство”, изјави Спасовски.

Во опозицијата се убедени дека на 12 Април ќе има избори на кои убедливо ќе победат. За законот за обвинителство велат дека е можен само доколку се прифатат нивните забелешки

“Потребен ни е квалитетен закон кој што кончено ќе овозможи борба против криминалот и корупцијата, борба против селективната правда. Значи ни треба закон кој ќе донесе апсолутна правда нов закон можеме да имаме само и исклучиво доколку се прифатат забелешките односно предлозите на ВМРО-ДПМНЕ”, истакна генералниот секретар на ВБМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

За распуштање на Собранието треба да гласаат 61 пратеник, а законот за јавно обвинителство се носи со двотретинско мнозинство.

Градимир Марковски