Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Рамиз Мерко ги изгуби ингеренциите врз градинките и неколку училишта во Струга

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ги губи ингеренциите врз воспитно-образовните институции.Откако пред 4…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ги губи ингеренциите врз воспитно-образовните институции.Откако пред 4 месеци за незаконско поставување на директори, министерството за образование му ги одзеде ингеренциите над две основни училишта во Дрслајца и Подгорци,Мерко ги изгуби и градинките.Поради незаконско поставување на директори,министерството за социјална политика му ја одзеде надлежноста врз градинките во градот.

“Се работи за непочитување на одредбите од Законот за заштита на децата од страна на органите на Општина Струга. Министерството ги одзеде ингеренциите во делот на именување на директор на градоначалникот на Општина Струга. И покрај претходно дадено укажување за почитување на законот, градоначалникот не го испочитува и заради тоа одземени му се ингеренциите во времетраење од најмногу една година, сметано од 19.02.2025 година” велат од Министерството за социјална политика

Згора на тоа,сеуште не е решен статусот на 18 негувателки,воспитувачки,хигиеничарки кои се ангажирани со договор на дело.Некои од нив скоро 2 децении до неодамна работеа за мизерна плата од 10.000 денари.Новоименувата директорка поставена од ресорното министерство вели дека сега земаат минимална плата односно 22.500 денари,пари кои ги обезбедува самата градинка.

Реклама

 “Ама пак нормално требаат решенија затоа што некои работи што треба да се прават во градинката стопирано е се’ ништо не се прави за да се даваат пари.Колку има буџет градинката толу се плаќа” вели Флореше Емуш, директор на детската градинка „8 Март“ – Струга

До Министерството за социјална политика, пристигнало барања од детската градинка „8 Март“ – Струга за вработување на 5 негувателки и 1 воспитувач. По добивање на согласност од Министерството за финансии, детската градинка може да отпочне постапка за нивно вработување.Инаку во моментов во градинките се згрижени 365 деца, 150 се на листа на чекање.Директорката е оптимист дека ќе добијат нов дополнителен објект и вработување на сите кои сега работат со договор на дело.