Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Радиото не е мртво како медиум, но по развојот на дигиталните платформи, тоа мора итно да се дигитализира

Развојот на радиодифузните технологии е клучен за обезбедување на квалитетен пренос на радио и теливизиските програми. Се оддржа годишниот собир посветен на развојот на радиодифузната дејност. Радиото и понатаму останува значаен дел од современиот медиумски свет, и покрај брзиот развој на интернетот и дигиталните платформи. Еден од најголемите предизвици со кои се соочува радиодифузниот сектор […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Развојот на радиодифузните технологии е клучен за обезбедување на квалитетен пренос на радио и теливизиските програми. Се оддржа годишниот собир посветен на развојот на радиодифузната дејност. Радиото и понатаму останува значаен дел од современиот медиумски свет, и покрај брзиот развој на интернетот и дигиталните платформи. Еден од најголемите предизвици со кои се соочува радиодифузниот сектор е дигитализацијата на радиото, но истовремено таа отвора нови можности за технолошки развој и напредок.

„Дигитализацијата на радиото останува за иднината, ако го погледнеме аналогниот FM и покрај интернетот, тој и понатаму е жив. Всушност е и поголем. Оваа година во Хрватска славиме 100 години на хрватското радио и секаде во светот радиото сеуште постои. Дигитализацијата е само чекор понатаму кој нуди нови технолошки можности“, изјави Михаел Јанчиќ, претседател на МБТ Асоцијација.

Изградба и одржување на електронските комуникациски мрежи, обезбедување и пренос на радио и телевизиски програми, поврзување со радиодифузни системи во странство и контрола на квалитетот и покриеноста на радио и телевизиските сигнали на територијата на Македонија, се клучни за нивна одржливост.

Реклама

„Оваа конференција започна да се оддржува токму тука во Македонија. Започна како мал собир на ентузијасти, додека денес е прерасната во репрезентативна меѓународна конференција. Постојат многу предизвици во нашиот бизнис, но верувам дека со помош на новите технологии ќе успееме да ги поминеме тие предизвици“.

Традиционалната меѓународна конференција, се оддржува со една цел – да поттикне стручна дискусија за улогата, значењето и предизвиците на јавните радиодифузни сервиси во современиот медиумски систем.