Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Работниците да не потпишуваат бланко документи за исплата на К-15, газдите повторно најдоа начин како да го заобиколат законот

Работниците, да внимават и да не потпишуваат бланко документи, бидејќи на тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работниците, да внимават и да не потпишуваат бланко документи, бидејќи на тој начин дозволуваат да им се исплати понизок износ на К-15 од предвидениот, алармираат од штипското здружение Гласен текстилец. Досегашното искуство покажува дека работодавачите  успеваат  да го заобиколат законот и на работниците, пријавувајќи дека работат со загуби  им исплатат регрес за годишен одмор од 1000, 2000, па дури и 500денари.

    „Во самиот Закон за работни односи, не во колективните договори да си стои, сумата 40% од просечна плата, меѓутоа  не смее да се наведе износот кој не смее да биде под таа сума. Тоа е единствен начин да се запрат злоупотребите на грбот на работниците, а од страна на синдикатите. Овде не можам да ги обвинам Организација на работодавачи, бидејќи тие си го бранат сопствениот капитал„ изјави Кристина Ампева од Здружението на граѓани, Гласен текстилец.

Освен казни за работодавачите, потребно е УЈП  да направи контрола во завршните сметки на фирмите кои пријавиле дека изминатата година работеле со загуба. Според Ампева, на тој начин ќе се заштитат работниците, но и ќе се утврдат кои се компаниите кои на грбот на работниците, го изиграле законот.

Реклама

   „Казните во време на претходната власт на работодавачите им дадоа ветер во грб за да ги кршат законите. Ете тоа е Законот за прекршоци, затоа да не ги гледаме казните, туку да ја натераме УЈП, за оние кои пријавиле загуба и оние фирми кои исплатиле сума пониска од 16.800да проверат за какви загуби се работи. Дали се работи дека некој газда си купил ново порше, нова вила …треба да се провери тој момент. Вообичаено тие сега пријавуваат загуба со тоа што ќе го обноват нивниот личен возен парк„ изјави Кристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец„.

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за секој работник под услов да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач. До крајот на месецот, на сметките на вработените треба да легнат парите за годишен регрес, односно К-15, кое годинава за приватниот сектор е 16.800, а за јавниот сектор речиси 11.000 денари.  

Александра Ристевска