Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Работна средба „Регистарот на организации” алатка за отворено и инклузивно Собрание

Во Собранието денеска се одржа работна средба на тема „Регистарот на организации“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска се одржа работна средба на тема „Регистарот на организации“ алатка за отворено и инклузивно Собрание, посветена на можностите за унапредување на соработката меѓу Собранието и граѓанскиот сектор.

Работната средба, информираат од собраниската прес-служба, ја отвори подпреседателката на Собранието Весна Бендевска, која во своето излагање истакна дека Швајцарија преку својата Агенцијата за развој и соработка како донатор и Националниот демократски институт, како имплементатор преку ПСП даваат значајна поддршка на Собранието за ефикасна реализација на реформи во насока на институционалната транспарентност и отчетност.

Таа нагласи дека новата апликација „Регистарот на организации” претставува платформа создадена со цел да се зајакне поврзувањето и соработката меѓу Парламентот и етаблираните организаци од невладиниот сектор, академската, експерстката и стручната јавност со цел нивно активно партиципирање во процесот на организирање успешни јавни расправи во Собранието, и поголема инклузија на заинтересинати страни во процесот на донесување на законите.

Реклама

Беше презентиран Регистарот на организации, неговата намена, функционалности и можностите што ги нуди за подршка на работата на собраниските комиси. Особено внимание беше посветено на неговата практична примена во процесите на организирањето јавни расправи и вклучување на релавантни граѓански организаци во работата на Собранието.

Учесниците разменија мислења за можностите што ги нуди регистарот за полесно поврзување на собраниските комиси со релавантите организаци, за можностите за нејзино понатамошно унапредување, како и за поактивно користење на Регистарот од страна на председателите на комисиите и вработените во Собранието.

Средбата претставуваше можност за запознавување со практичните аспекти на Регистарот и за размена на предлози за негово поефикасно користење во иднина.