Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Пуштен во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.  -Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. 

-Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух – рече Мицкоски.

 Тој им честиташе и на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект, бидејќи навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција.

Реклама

– За мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти коишто обезбедуваат едно работно место повеќе, коишто се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот, така што ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот што секогаш се труди да направи повеќе – рече Мицкоски.  
 
Според него, колку е поуспешен бизнисот толку е и државата поуспешна. – Тоа јас сум го кажал многупати, а колку е државата пак поуспешна тогаш и бизнисот е повреден, тоа е отприлика како двонасочна улица – рече премиерот. 
 
За Општина Илинден рече дека како институција застанала целосно позади реализацијата на оваа инвестиција.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во изградба се два нови државни пензионерски домови, како и дека во иднина во рамки на приоритетите ќе продолжат во таа насока.