Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Психолози: Убиството на Вања е емотивна траума за децата и возрасните

Трагедијата со убиството на Вања е емотивна траума за децата, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата со убиството на Вања е емотивна траума за децата, но и за возрасните.Психолозите алармираат дека колективниот страв кој што владее во моментов кај граѓаните ќе остави психолошки последици,но најмногу кај најблиските на Вања. Психологот Мирјана Јовановска – Стојановска вели дека сега одговорноста е кај возрасните, но и кај наставниот кадар и кај стручните лица да им се пристапи на учениците за да го надминат шокот.

Во овој момент многу од младите и возрасните се траумзатизирани од веста, само се надевам дека таа траума нема да остане долго и дека ќе успеат да ја процесираат, емоциите кои ги чуствуваат и она кое моментално го доживуваат” – вели Мирјана Јовановска – Стојановска, психолог.

Случајот со Вања Горчевска ја потресе целата јавност а родителите се во најголем шок и страв.Тие се плашат за безбедноста на своите деца, но тоа во овие моменти е нормално, велат психолозите. Според нив, единствено и најбезболно пребродување на оваа трагедија е времето, но неизбежна е и стручната помош.

Реклама

Од раните остануваат секогаш белези, можеби раната нема да крвари ама ќе остане белег, затоа што тагата и болката која ја чуствуваме сите ние никогаш нема да се заборави.Ама околу тоа ќе изгради живот, обврски, емоционални врски” – вели психологот Јовановска.

Психолозите веќе почнаа да објавуваат и јавни совети, за полесно да се поминат овие траорни моменти.   

“Дозволете им на вашите деца да знаат дека е во ред да ги изразат своите чувства, без разлика дали се тоа страв, збунетост или тага.

Уверете ги дека нивните емоции се валидни. Никако не ја минимизирајте трагедијата или тоа што тие го чувствуваат во врска со неа.

Вежби за дишење, моменти на тивко размислување или молитва
може да бидат ефективни алатки за управување со анксиозноста. Не заборавајте на физичката активност и доволно одмор.

Обезбедете информации соодветни на возраста. Дискутирајте за безбедносните мерки без да предизвикувате непотребен страв”
– ова се дел од препораките на психолозите.

Експертите укажуваат дека се неопходни и системски решенија, кои ќе бидат корисни за итна примена при трауматични искуства како убиството на Вања, но и при катастрофи од поголеми размери.