Реклама

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Македонија

Прво пенливо вино од линијата Luda Mara на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена

Винарската визба „Тиквеш“ го лансираше на пазарот Luda Mara Sparkling – првото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Винарската визба „Тиквеш“ го лансираше на пазарот Luda Mara Sparkling – првото пенливо вино во линијата Luda Mara. Неговиот современ визуелен идентитет е креиран во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио Girafa, со цел автентичното потекло на виното да биде претставено преку препознатлив дизајн со кој може рамноправно да застане на винските полици на развиените светски пазари, стои во соопштението од Винарската визба.

Од „Тиквеш“ посочуваат дека новото пенливо вино е пример како локалното потекло и традиционалното винарско знаење можат да се поврзат со современите светски трендови, при што очекуваат значителен интерес кај потрошувачите.

Брендот Luda Mara во изминатиот период изгради силна препознатливост и одличен прием кај потрошувачите. Проширувањето со пенливо вино претставува ново поглавје во развојот на линијата, но и одговор на зголемениот интерес на потрошувачите за свежи и разновидни вина што се вклопуваат во различни моменти и пригоди.

Реклама

Истовремено, Luda Mara Sparkling ја одразува пошироката амбиција на „Тиквеш“, потпирајќи се на повеќе од еден век винарска традиција и над 1.000 меѓународни награди и признанија, да создава брендови и вина кои според квалитетот, идентитетот и дизајнот се на исто рамниште со останатите познати светски винарници.

„Со Luda Mara Sparkling внесуваме нова свежина во нашето портфолио и ја развиваме линијата Luda Mara во согласност со современите трендови и очекувањата на потрошувачите. Создадовме пенливо вино со автентична врска со Тиквешкото виногорје, но и со јасна меѓународна перспектива. Создадовме производ кој и според својот квалитет и според дизајнот може да застане рамо до рамо со најреномираните светски брендови“, велат од Винарската визба „Тиквеш“.

Свеж и хармоничен вински израз за различни пригоди

Luda Mara Sparkling е брут пенливо вино со бледа сламеножолта боја и зеленкаст отсјај, со фино и долготрајно перлење. Во мирисот се препознаваат нежни цветни и цитрусни ароми, надополнети со ноти на зелено јаболко и круша, додека вкусот е свеж, хармоничен и со чиста овошна завршница.

Новото пенливо вино е наменето за различни пригоди, од спонтани дружења и вечери, до прослави и одбележување на посебни моменти. Најдобро се служи разладено, на температура од 6 до 8 °C, а одлично се комбинира со морски плодови, суши, лесни салати, благи сирења, тестенини и овошни десерти.

Името Luda Mara потекнува од реката што протекува низ Кавадарци, во срцето на Тиквешкото виногорје. Оваа непосредна врска со местото на потекло останува важен дел од идентитетот на линијата, а со Sparkling добива нов, пожив и поинтернационален израз.

Luda Mara Sparkling веќе е пуштено во продажба и во почетниот период ќе биде достапно во ограничени количини.