Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Првиот чартер лет на „Freebird Аirlines” донесе 180 туристи од Германија

180 патници – германски туристи и нивните туристички водичи пристигнаа во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

180 патници – германски туристи и нивните туристички водичи пристигнаа во Скопје со авионот на компанијата Freebird Airlines. Слетувањето на скопскиот аеродром го одбележа почетокот на чартер летовите кои се воведуваат денеска и ќе траат до почетокот на јуни. Летови ќе има од повеќе градови од Германија, меѓу кои и Хановер, Минхен, Берлин… Од Обединетото кралство лет до Скопје ќе има од градовите Лондон и Манчестер, а од Франција, туристите ќе поаѓаат од Париз, Лион и Марсеј.

Министерот за транспорт Александар Николоски порача дека ова е огромна промоција за Македонија бидејќи се очекува да дојдат до 35 илјади туристи, надвор од главната сезона. Вакви летови ќе има повторно од октомври, до декември.

Македoнија прв пат гледа голем број на туристи надвор од главната сезона. Со заеднични напор на Владата, на тур -операторите и на ТАВ Македонија успеваме да привлекуваме туристи кои доѓаат надвор од главната летна и зимска сезона. Во периодот меѓу февруари и мај и периодот меѓу октомври и декември само оваа година ќе дојдат 35 илјади турусти, очекуваме тој број да расте во годините што доаѓаат. Тоа значи 35 илјади туристи кои што ќе ги полнат хотелите, кои ќе ги посетуваат убавите ресторани и кафетерии, ќе купуваат убави сувенири, ќе придонесуваат за локалната економија, ќе го пробаат македонското вино и храна и ќе ги пренесат убавите спомени од Македонија. Најмалку по еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром и некаде 180 до 200 луѓе ќе доаѓаат за да ги посетат знаменитостите во Македонија, изјави вицепремиерот Николоски.

Реклама

Тој исто така најави дека веќе од следниот месец ќе започнат да оперираат и првите летови кои владата преку министерството за транспорт финансиски ги подржува. Најави нови два лета до охридскиот аеродром, од Истанбул и Базел, но и реновирање на тамошната терминална зграда.

Директорот на ТАВ Македонија им посака добредојде на туристите кои пристигнаа во Скопје од Дизелдорф и Франкфурт. Уверен е дека во Македонија ќе доживеат убави моменти а нивното патување ќе биде исполнето со гостопримство, ќе ја запознаат културата и традицијата на Македонија.

За нас во ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, секогаш е задоволство да пречекаме и опслужуваме нови авиокомпании, нови тур-оператори и нови дестинации. Се трудиме постојано да напрадуваме во поглед на гостопримството и квалитетот на услугите, како кон авиокомпаниите, така и кон патниците, рече Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со овие чартер-летови се очекува дополнително да се развие туризмот и македонската економија.