Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Свет

Првата рунда од преговорите меѓу Хамас и Израел во Египет заврши во позитивна атмосфера

Во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик започнаа индиректни разговори меѓу Израел и Хамас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик започнаа индиректни разговори меѓу Израел и Хамас за постигнување прекин на огнот во Газа, засновани на мировниот план на претседателот Доналд Трамп. Главните прашања на маса вклучуваат спорни точки како целосно повлекување на Израел од енклавата и разоружување на палестинското движење.

Здравствените власти во Газа соопштија дека 19 лица загинале во израелските воздушни напади во последните 24 часа. Првата рунда од индиректните преговори меѓу Израел и Хамас во Египет заврши во „позитивна атмосфера“, објави утринава египетската државна телевизија.

Се очекува преговорите меѓу Хамас и медијаторите во Шарм ел-Шеик да продолжат подоцна во текот на денот. Разговорите започнаа еден ден пред втората годишнина од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Газа.