Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Прв случај на западнонилска треска во Македонија – вирусот регистриран кај 55-годишен маж од Велес

Педесет и петгодишен маж од Велес е првиот регистриран случај на западнонилска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педесет и петгодишен маж од Велес е првиот регистриран случај на западнонилска треска во Македонија оваа година, информира Институтот за јавно здравје на својата официјална веб-страница. По појавата на првите симптоми, биле направени лабораториски анализи со кои било потврдено присуството на вирусот.

„На 15.05.2026 година, Одделот за епидемиологија на заразни болести при ИЈЗ беше известен за потврден случај на западнонилска треска кај 55-годишно лице од Велес, по што веднаш беше информиран ЦЈЗ-Велес. Кај пациентот првите симптоми започнале со висока температура, осип, малаксаност и нарушена свест. Поради влошување на состојбата, пациентот бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за инфективни болести (КИБФС), каде што со лабораториски испитувања во Вирусолошката лабораторија при ИЈЗ биле докажани IgM антитела за West Nile вирус во ликвор“, стои на официјалната страница на Институтот за јавно здравје.

Пациентот во моментот е во подобрена состојба, а епидемиолошките анализи покажале дека пациентот не патувал надвор од државата и немал контакт со други лица со слични симптоми. Педесет и петгодишниот ретко излегувал од дома.

Реклама

Западнонилската треска во Македонија се појавува спорадично, а поради зголемената активност на комарците, можно е да се регистрираат и нови случаи, наведуваат од Институтот за јавно здравје на својата веб-страница. Ризикот засега се оценува како среден, а од велешкиот Центар за јавно здравје веќе е спроведена дезинсекција како превентивна мерка.

Во текот на минатата година во Македонија биле регистрирани двајца пациенти заболени од западнонилска треска, додека во Европа биле евидентирани вкупно 1.112 случаи.