Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид – Овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари за 4 убиства и два обиди за убиства

Целта му биле жени, и тоа главно постари кои живееле сами. Не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целта му биле жени, и тоа главно постари кои живееле сами. Не се знае како и зошто токму нив ги избрал, но главниот мотив му бил што го мразел женскиот род. Им влегувал дома, на некои има ставал ќебе врз глава, на други перница за да ги задуши, ги тепал, си задоволувал ниски страсти за време на чинот, а некои и ги ограбил. 25 годишниот овчар Трајче Б. од селото Малотино во Старо Нагоричане е првиот сериски убиец во Македонија чиј мотив за убиство му е фемицидот, односно омразата кон жени.

Тој засега е осомничен за убиство на 4 жени, и за обид на убиство на уште две, кои за среќа ја избегнале страшната судбина. Како што е случајот со 86-годишната жена од селото Челопек, успеала да го преживее нападот во својот дом, кога осомничениот влегол, ја удирал, ја давел, целата облеана во крв. Но кога слушнал случаен шум, избегал.

„Колку што ми е мене познато, ова е прв случај кај кој од доказите произлегува дека се работи за сериски убиец кој сторил и кривично дело фемицид, односно родово базирано насилство“, посочи обвинителот. Љубомир Лапе.

Реклама

Трајче бил активен на социјалната мрежа „Тикток“ на која многу често објавувал содржини. Живеел во куќа, со мајката и очувот во селото Малотино, потекнувал од семејство со повеќе деца, бил проблематичен, а имал проблеми со законот.

Беше уапсен, откако беше пронајдена мртва старица во нејзиниот дом во Старо Нагоричане на почетокот на годинава. Но, по неговиот распит, истражителите се посомневаа дека има и други случаи, па беше наредено да се есхумира телото на помлада жена која, исто така, била пронајдена мртва дома. Вкупно се направиле 3 есхумации, од кои две потврдиле дека жените се убиени. Тогаш поччува за да склупшоува мозикот за монструзоноста на Трајче.

Истрагата покажала дека убиствата биле извршени на идентичен начин. Многу добро му бил познат теренот, а се претпоставува и дека се познавал со жртвите. Сите жртви се постари жени, на околу 60 годишна возраст, а само една има 35 години. Психијатриското вештачење извршено од тројца експерти на Клиниката за психијатрија во Скопје покажало дека осомничениот е пресметлив и свесен за убиствата и дека не боледува од душевна болест. Злосторствата се случувале во период од јануари 2025 до февруари 2026 година.

Инаку според кажувањата на мештаните, тој е крупен и доста висок. Постојано го гледале како вози велосипед по селата. Станува збор за момче кое заедно со мајка му се преселило кај очув во многудетно семејство во Драгоманце. Имал отежнат говор и тешко комуницирал со средината во која живеел. Не бил женет и немал деца, а се занимавал со чување овци.

Инаку со оглед на тоа што жртвите се пронајдени со есхумација, поради претходни погрешни дијагнози, полицијата поднесе кривични пријави против двајца лекари.