Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Прилози

Протестите на оризарите во мирување, се најавува корекција на откупната цена

До крајот на неделата, треба да биде корегирана  производна цена на оризот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на неделата, треба да биде корегирана  производна цена на оризот од ланската реколта.  Оризопроиводителите ја  бараат корекцијата поради временските неприлики кои значително им го намалија родот. Токму ваквата најава е причина за оризопроизводителите, засега да ги стават во мирување најавените протести. Во моментот  производната цена за килограм арпа изнесува 23 денари, што според нив е нереална и затоа барат да се зголеми на 27ден.  Освен нова производна, бараат и нова откупна цена. Во моментот оризова арпа се откупува од 18 до 20 денари, па поради тоа, речиси целата реколта од лани се уште стои во амбарите, велат од Националната мрежа за земјоделци.

    „Ова што се случува со откупот е катастрофа. Во амбарите речиси ни стои целата реколта од 2025.дали 5% е откупено. Откупувачите не откупуваат, а ние сме доведени во многу тешка ситуација….. Ние баравме откупна цена околу 40ден. за килограм арпа, за и ние земјоделците работиме со некаква добивка„ изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци.

И покрај најавите за утврдување на нова производна цена, оризопроизводителите посочуваат дека проблемот со откупот останува клучен. Без редовен и организиран откуп, оризот и понатаму ќе остане непродаден.

Реклама

    „Со редовен откуп да започнат откупувачите, бидејќи и да имаме цена доколку откупувачите не ни го земаат родот, оризот повторно ќе ни стои во амбарите. Како што реков само 5% е откупено, а тоа што е откупено е по основ на тоа што они им имат дадено репроматрејали и тоа си го наплаќаат, а откуп не се врши„ изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци

 Поради нискиот откуп, на терен веќе се преземаат одредени мерки, а ќе следуваар и санкции против откупувачите, доколку се утврдат неправилности. Причина за ова е ниската откупна цена наспроти високата цена на оризот на пазарот, која достигнува и до 150 денари по килограм. Од минатогодишната реколта во кочанско ожнеани се меѓу  20 и 24 илјади тони оризова арпа.