Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Протест во Чешиново-Облешево поради честите дефекти на дистрибутивната електрична мрежа

Во Чешиново денеска се одржа протест на граѓаните од Општината Чешиново –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Чешиново денеска се одржа протест на граѓаните од Општината Чешиново – Облешево во знак на револт што од минатата сабота кога регионот го зафати невремето до денеска поголем број од населенире места се без редовно снабдување со електрична енергија и без редовно снабдување со вода за пиење.

Според нив, ваквата состојба е нај изразена во селата Чешиново, Соколарци, Жиганци и Врбица. Велат, бидејќи немаат водовод и користат хидрофори за водоснабдување, исто толкав период се и без вода за пиење. Бараат од институциите да извршат притисок кон ЕВН да се изнајде решение за проблемот со кој се соочуваат и повеќе од пет години, кога ќе се случи и помало невреме.

Меѓу оние што се собраа на протестот, беше и градоначалникот на Општина Чешиново – Облешево, Јорданчо Костадинов. Тој рече дека е нормално што граѓаните реагираат, бидејќи проблемот што го имаат е реалност. Електродистрибутивната мрежа според него, токму во овој дел од општината е постара, што е е една од главните  причини за честите прекини во напојувањето со електрична енергија. 

Реклама

Костадинов на локално ниво остварил контакт со раководните луѓе на Подружницата на ЕВН во Кочани, но за него тоа е недоволно. Смета дека ЕВН како приватна компанија е доста затворена поради што со неа не може да се оствари контакт на повисоко ниво.

Нагласи дека ќе се обрати до Владата од каде ќе бара поддршка и влијание врз компанијата побрзо да дејство и да ги овозможи услугите, за кои граѓаните редовно плаќаат.