Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Протест на вработените со договор на дело во јавното здравство

Се поизвесно е дека власта ќе ги извиси вработените со договор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се поизвесно е дека власта ќе ги извиси вработените со договор на дело во јавното здравство. Огласи нема, а деновите до распишување на изборите се бројат на рака. Доктори, медицински сестри и техничари револтирани и разочарани протестираа во округот на Клиничкиот центар.Тие со години работат во здравствените установи, без договори, без здравствено осигурување и за минимална мизерна плата.Прашуваат ќе има ли слух Владата за нив, или повторно ќе бидат прелажани? Дел од нив веќе размислуваат да си ја бараат среќата надвор од Македонија, каде нивната работа ќе се цени повеќе.

Здравствените работници добија поддршка и од синдикатите.

Наместо трансформација на работниот однос, надлежните одлучија преку огласи за вработување да им дадат шанса на многуте здравствени работници кои се со договор на дело.

Реклама

Досега само во две здравствени установи меѓу кои и во Клиничката болница Тетово има огласи за вработувања.

Трајно вработување на здравствените работници беше најавено на официјална прес конференција во Владата пред Нова година од страна на Ковачевски, Бесими и Меџити, но се уште нема реализација. Во меѓувреме дел од овие лица немаат ниту нови договори и работат без пари во здравствените установи.

Ања Лукарова