Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

„Простете ми што испаднав ваква будала“ рече Велибор Манев во завршниот збор

„Простете ми што испаднав ваква будала“ рече обвинетиот Велибор Манев во завршниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Простете ми што испаднав ваква будала“ рече обвинетиот Велибор Манев во завршниот збор. Тој се кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Тој изјави дека негира дека сторил убиство, но призна дека учествувал во дел од настаните и тврди дека бил манипулиран и уценет од Љупчо Палевски.

  • „Од почеток одлучив да ја кажувам вистината, без разлика на казната. Не негирав ниту една снимка, потврдував присуство и објаснував детали за да добие судот јасна слика,“ рече Манев.

Тој посочи дека Обвинителството упорно се обидува да го прикаже како дел од организиран план за убиство, што според него не е точно. Претходно, во неговите искази, Манев тврдел дека не знаел оти Палевски планирал убиства и дека, доколку знаел, не би копал три метра длабока дупка „со табаници и капак“.

  • „Не би направил земуница како за таен бункер ако знаев дека лицето ќе биде убиено. За мене, тоа беше операција за грабнување и изнуда пари од ќерка на фармацевт, како што тврдеше Палевски,“ рече Манев.

Обвинетиот истакна дека Обвинителството нема конкретни докази за соработка со лицето Сашо, ниту дека тој лично го познава, туку дека целата врска се темели на присила и манипулација. За убиствата рече дека тој и останатите обвинети биле во целосен шок, откако Палевски „ги извршил ладнокрвно, без претходна најава“.

Реклама
  • „После убиствата, ја чував снимката од мојот ресивер. Можев да ја избришам, можев да ги исклучам камерите – но тогаш ќе му давав алиби на Палевски,“ рече Манев.

Спомена и дека бил уценуван и заплашуван со животот на своето семејство. Го посочи и случајот со „плавиот ранец“ за кои се тврдеше дека во него било оружјето, за кој рече дека Палевски му дал наредба да биде пренесен или уништен по неговото бегство од државата. Притоа, го спомена и лицето З.Д., вработен во Народна банка и член на политичката партија Десна.

  • „Бев само алатка – шест години го поддржував, му ја давав душата, го вадев од затвор, трчав по адвокати. За крај, ме напика во затвор за нешто што не сум ни замислувал“, изјави Манев.

Своето излагање го заврши со каење и лично признание дека чувствува голем срам и душевна болка.

  • „Испаднав наивна будала која си го уништи животот. Загубив пријатели, доверба и себе си. Простете ми,“ заврши Манев, очекувајќи ја пресудата.

Претходно, завршен збор даде и адвокатот на Палевски: