Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Проштална средба на Мисајловски и Лафчиски со американската амбасадорка Агелер

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска остварија проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

На средбата во Министерството за одбрана присуствуваше и одбранбениот аташе Даниел Скваерс.

Како што информира Министерството за одбрана, за време на средбата министерот Мисајловски истакна дека во изминатиот период соработката со амбасадорката Агелер и со Амбасадата на САД беше на одлично ниво благодарение на кое стратешкото партнерство што го имаат нашите две земји во континуитет се унапредува.

Реклама

– По повод завршувањето на мандатот на амбасадорката Агелер, Мисајловски изрази благодарност за нејзината професионална поддршка, искрена посветеност и личен ангажман, што придонесе за продлабочување на нашето меѓусебно разбирање и пријателство и даде дополнителен импулс во градењето на ова важно партнерство и ѝ посака успех и лично исполнување во натамошната кариера. Мисајловски додаде дека од особена важност се улогата и континуираната поддршка од САД за развој на одбранбените капацитети, кои се столбот на мирот и безбедноста на државата, но и на поширокиот регион, што претставува дополнителна придобивка за воспоставениот имиџ на Министерството за одбрана и на македонската Армија во рамките на НАТО и пошироко – стои во соопштението.

Началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски, изрази искрена благодарност до амбасадорката Агелер истакнувајќи дека значителен дел од зацртаните цели во билатералната одбранбена соработка успешно се реализирани за време на нејзиниот мандат.

Генералот ја потенцира и одличната соработка меѓу Армијата и Вооружените сили на САД, која се реализира преку многубројни програми за поддршка во разни области на одбраната, кои придонесуваат за зајакнување на интероперабилноста помеѓу двете армии.

– Еден од најголемите дарови во животот е кога ќе имаш можност, да работиш со луѓе што не само што ти се допаѓаат туку и кои искрено ги почитуваш и од кои учиш. Сакам да нагласам дека со министерот Мисајловски и началникот Лафчиски и со сите ваши соработници имавме можност да работиме заедно на прашања што значат, на прашања што значат за НАТО и за регионот и јас ви се заблагодарувам на сите за поддршката за време на мојот мандат – нагласи амбасадорката Агелер.