Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Проштална средба на Божиновска со Лосон: Енергетската соработка останува важен дел од британско-македонското партнерство

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари проштална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија во земјава, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во нашата земја, на која беше изразено заемно задоволство од одличната и конструктивна соработка воспоставена во изминатиот период.

Министерката Божиновска, информираат од МЕРМС, му се заблагодари на амбасадорот Лосон за неговиот личен ангажман, отворената комуникација и поддршката во унапредувањето на соработката меѓу институциите на двете земји. Таа посочи дека Обединетото Кралство е значаен партнер за Македонија во процесите поврзани со енергетската безбедност, модернизацијата на енергетскиот сектор, привлекувањето инвестиции и создавањето услови за одржлив развој на рударството.

-Амбасадорот Лосон беше искрен и конструктивен партнер. Заедно градевме соработка која носи конкретни можности за нашата земја. Верувам дека она што го поставивме како основа ќе продолжи да се развива и во иднина- истакна Божиновска.

Реклама

Посочи дека Обединетото Кралство е значаен партнер за Македонија во процесите на модернизација на енергетскиот сектор и создавање стабилна и предвидлива средина за инвеститорите, особено во период кога енергетската безбедност и пристапот до стратешки и критични минерални суровини добиваат сè поголемо значење.

Министерката му посака успех на амбасадорот Лосон во неговиот понатамошен професионален ангажман, со благодарност за неговиот придонес кон продлабочувањето на пријателските и партнерски односи меѓу двете земји.