Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Пропадна вториот обид за продажба на Аудито на Рамиз Мерко

Пропадна и вториот обид за продажба на луксузниот автомобил на Рамиз Мерко.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пропадна и вториот обид за продажба на луксузниот автомобил на Рамиз Мерко. Аудито А6, симбол на општинскиот комфор од минатото, не доби нов сопственик. Поради слабиот интерес за возилото со волан од змиска кожа, за кое Мерко своевремено искешира 67.000 евра , се одложи продажбата која беше закажана за 28 мај, а требаше да се реализира по пат на усно јавно надавање

Од општина Струга за Алфа брифираат дека се пријавил само еден купувач, но имале сознанија дека имало најмалку тројца заинтересирани кои заради празниците не успеале да ја платат гаранцијата за учество на јавното наддавање.

 Инаку продажбата на аудито оди преку овластен извршител кој пред 2 месеци го заплени автомобилот поради неплатени долгови кои Општина Струга ги има кон повеќе доверители.

Реклама

„Општина Струга неможе да учествува во јавното надавање бидејки тоа е забрането со Законот за извршување, но може да ја спречи продажбата, доколку најдоцна до започнување со јавното надавање да го исплати долгот кон доверителите. Вкупните побарувања на доверителите се околу 179.000 евра “ – вели областениот извршител.

Службениот автомобил со кој Мерко се развозуваше,сега ќе го вози некој за 3 пати пониска цена,неговата моментална проценета вредност изнесува 21.864 евра. Парите од продажбата ќе завршат на сметка на извршителот, а потоа ќе бидат насочени кон подмирување на побарувањата на доверителите.

„Општина Струга нема да учествува на аукцијата за ова возило, бидејќи политиката на оваа администрација е јасна: намалување на возниот парк и редуцирање на трошоците за негово одржување и користење. Сите одлуки и мерки преземени од првиот ден од мандатот на градоначалникот, Менди Ќура, имаат една единствена цел: намалување на непотребните трошоци и стабилизирање на финансиската состојба на општината“ – велат од општина Струга.

Инаку, преземањето на локалната власт Ќура го започна со потпишување на одлуката за продажбата на аудито. Парите требаше да бидат неменети за набавка на комбе кое ќе им служи на општинската администрација, спортските клубови и на центарот за деца со посебни потреби.

За потсетување Мерко беше гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил 4 службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.Контроверзниот градоначалникот кој се најде на црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси,куртули од затвор.Судот го ослободи од вина за луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра. Мерко на Ќура му остави во аманет долг од над 15 милиони евра. Точната сума ќе се знае идниот месец,откако ревизорите ќе влезат во општинската зграда.

Росица Голабоска