Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Промовирана нова веб-страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности

Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

– Со цел да обезбедиме навремено и максимално транспарентно информирање на јавноста за западнонилската треска, подготвивме нова веб-страница, која на едно место ги обединува сите податоци. Овде се комбинираат податоци во врска со епидемиолошката состојба, ризичните подрачја и преземените активности. Оваа мапа е благодарение на општествената одговорност на ГДИ – ГИС ДАТА, работена изминативе неколку дена – рече Клековски. 

На веб-страницата, појасни, е прикажана мапа со бројот на случаи со западнонилска треска, а во долниот агол стои кога е направено последното ажурирање. 

Реклама

– Имаме 34 лоцирани потенцијални легла на комарци. Бројот на засегнати општини е девет. Општините се прикажани со различна боја во зависност од концентрацијата на случаи. Имаме листа на потенцијални легла на комарци со детален преглед. Даден е преглед на сите активности: на кој ден каде е прскано, со што е прскано и кој прскал. Случаите на заразени се геолоцирани по населени места, за да се зачува анонимноста на пациентите, но помага да се бара корелација меѓу бројот на заразени и жариштата. Интерактивната мапа нуди интеграција на податоци од сите релевантни институции со јасно назначување на времето на ажурирање – посочи Клековски.

Тој рече дека максимално ќе ја зголемат транспарентноста и информираноста и ќе го скратат просторот за дезинформации.

Врската од новата веб-страница http://www.healthalert.mk/ ја има на веб-страниците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.