Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Промовирана книгата „Ништо случајно“ на Нина Ангеловска Станков, приказна за подготвеноста да се препознаат и прифатат можностите

Приказна за животен пат кој не бил однапред испланиран, но бил обликуван од подготвеноста да се препознаат и прифатат можностите, вака ја опиша својата прва книга „Ништо случајно“ на синоќешната промоција  авторката Нина Ангеловска Станков.    – Многу често велиме дека ништо не е случајно. Верувам дека кај мене беше токму така. Работите доаѓаа навидум […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приказна за животен пат кој не бил однапред испланиран, но бил обликуван од подготвеноста да се препознаат и прифатат можностите, вака ја опиша својата прва книга „Ништо случајно“ на синоќешната промоција  авторката Нина Ангеловска Станков.   

– Многу често велиме дека ништо не е случајно. Верувам дека кај мене беше токму така. Работите доаѓаа навидум случајно, но всушност доаѓаа затоа што бев подготвена да ги препознаам. Затоа што работев за нив, креирав околина за тие можности да се појават и имав храброст да кажам „да“, дури и кога не знаев каде ќе ме однесе тоа „да“. Токму затоа оваа книга е приказна за подготвеноста, за изборите и за моментите што ни го менуваат животот – истакна авторката.

Книгата ја издаде Издавачкиот центар ТРИ, а нејзиниот директор Бојан Саздов на промоцијата истакна дека „Ништо случајно“ уште пред официјалното излегување бележеше рекордни резултати во претпродажба и претставува еден од најуспешните издавачки проекти на Издавачкиот центар во последните години. 

Реклама

„Ништо случајно“ е искрена и лична приказна која ги следи клучните поглавја од животот и кариерата на Ангеловска Станков – од детството и вредностите со кои израснала, преку основањето и развојот на Grouper, искуството како претприемач и лидер, периодот како министерка за финансии, па сè до животните лекции што ги донеле љубовта, семејството и мајчинството. За својот успех и влијание добила бројни признанија, меѓу кои 30 под 30 на Форбс… 

Низ пет тематски целини, книгата носи приказни за предизвиците, сомнежите, успесите и одлуките кои стојат зад јавните наслови и професионалните достигнувања. Нејзината централна порака е дека успехот не е резултат на случајност, туку на подготвеност, континуирано учење, истрајност и храброст да се прифатат можностите кога ќе се појават. 

На промоцијата на книгата присуствуваа бројни соработници, претставници на бизнис-заедницата и општествени чинители. 

Од денес, книгата „Ништо случајно“ е достапна во сите книжарници на ТРИ, во останатите книжарници низ Македонија и онлајн на kniga.mk.