Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Промовиран првиот графички роман – стрип од авторот Бобан Пешов

Во рамките на Делчевското културно лето во салата од Спомен-дом АСНОМ, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на Делчевското културно лето во салата од Спомен-дом АСНОМ, се одржи промоција на графички роман – стрип со наслов „Беше еднаш на истокот“ од авторот Бобан Пешов, виничанец кој живее и работи во Италија. Романот е во издание на „Бункер“ кој веќе постигна голем успех на италијанскиот стрип-пазар.

Во „Беше еднаш на Истокот“, авторот нè враќа во деведесеттите години на минатиот век, додека една држава се распаѓа, а насекаде никнуваат граници. Период во кој полека се појавуваат првите „транзициски херои“, едно семејство од Македонија го бара патот во подобра иднина. Ова е само рамка во која е сместена приказната на графичкиот роман. Во него Бобан нè води во едно чудесно меѓугенерациско патување, помеѓу минатото и сегашноста, Истокот и Западот, различните национални идентитети. Македонија и Италија.

Авторот Бобан Пешов е роден во 1988 година, а  во 1996 г се преселува во Италија каде што завршува основно, средно и високо образование. Соработува со познати личности од италијанската уметничка сцена, а во 2025 година го објавува својот прв самостоен графички роман „Беше еднаш на Истокот“ со кој постигнува голем успех. Првиот тираж е продаден за само неколку денови, а делото доби бројни номинации за награди на најпрестижните стрип-фестивали. 

Реклама

– Стрипот е мојот омилен медиум, совршена алатка за раскажување на една целосна приказна, каде што емоциите се пренесуваат преку синергија помеѓу пишувањето и цртежот. Создавањето книга прави да се чувствувам како режисер, го проучувам секој кадар поединечно за да ја направам сценографијата нинтересна, истакна Пешов.

Промоцијата беше во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ и Општина Делчево, а како што истакнаа организаторите – ова не е само промоција на едно ново дело, ова е отворање на едно ново поглавје во културниот живот на нашата библиотека. Стрипот како што потенцираа организаторите одамна не е само забава, туку моќна уметност што раскажува приказни кои долго остануваат во сеќавање.