Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Промовиран Прирачник за примена на мерката притвор според стандардите на Европската конвенција за човекови права

 Академијата за судии и јавни обвинители денеска во просториите на Јавното обвинителство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Академијата за судии и јавни обвинители денеска во просториите на Јавното обвинителство го промовираше Прирачникот за примена на мерката притвор низ призмата на член 5 од Европската конвенција за човекови права, документ наменет за унапредување и воедначување на судската и јавнообвинителската практика во оваа област.

Како што соопштија од Акедемијата, на промоцијата присуствувале судии и јавни обвинители од целата држава, членови на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и претставници на дипломатскиот кор.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, истакнала дека притворот е една од најрестриктивните мерки во кривичната постапка и затоа неговата примена мора да биде внимателна, оправдана и заснована на јасни законски критериуми.

Реклама

– Притворот е една од најрестриктивните мерки во кривичното право со која се ограничува едно од основните човекови права, а тоа е правото на слобода. Токму затоа нејзината примена мора да биде внимателна, оправдана и секогаш заснована на закон и на јасни критериуми. Прирачникот е наменет пред се за судиите и јавните обвинители кои ја носат одговорноста во постапката поврзана со изрекување на мерката притвор – истакнала Трајкоска Стрезоски.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, оценил дека во јавноста притворот често погрешно се перципира како казна или единствена мерка со која може да се одговори на ризиците во постапката.

– Многу често во јавноста притворот се перцепира како казна и демонстрација на општествена осуда за стореното дело или како единствена мерка која може во доволна мера да одговори на ризиците по постапката. Но, тој пристап не е правилен, а тоа јасно ни го покажува и праксата на Европскиот суд за човекови права. Во обидот да се задоволи јавноста и јавниот притисок, страдаат човековите права, а притворската мерка понекогаш се предлага без воопшто да се испитаат можностите за други полесни мерки за обезбедување. Таквата пракса мора да биде изменета и на тоа апелирам од преземањето на оваа функција, порачал Савески.

Министерот за правда Јетон Шасивари нагласил дека притворот не смее да стане автоматизам ниту замена за пресуда.

– Тој може да биде оправдан само кога постои конкретна и индивидуално утврдена причина и кога целта на постапката не може да се постигне со поблага мерка. Тоа е прашање не само на Законот за кривичната постапка, туку и на Уставот и на Европската конвенција за човекови права – истакнал Шасивари.

Судијата на Врховниот суд и поранешен судија во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова Трајковска, оценила дека земјава сè уште не ги применува во доволна мера препораките и праксата на Судот во Стразбур, додавајќи дека станува збор за системски проблем што може да се надмине преку континуирано унапредување на практиката.

Шефот на секторот на Советот на Европа, Бојана Николин, истакнал дека Советот на Европа ќе продолжи да го поддржува македонскиот правосуден систем и го оценил издавањето на прирачникот како значаен чекор во насока на јакнење на владеењето на правото и заштитата на човековите права.

Прирачникот го презентирале авторите, кои посочија дека неговата цел е да обезбеди практична поддршка за судиите и јавните обвинители преку систематизирање на домашната и европската правна рамка и издвојување на стандардите што произлегуваат од праксата на Европскиот суд за човекови права.

Од Академијата оценуваат дека објавувањето на прирачникот претставува значаен придонес во унапредувањето на професионалните капацитети на правосудните органи и во зајакнувањето на заштитата на основните човекови права и слободи.