Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Промовиран историски весник за Општина Кисела Вода

Прв историски весник за Кисела Вода е промовиран денеска во Општината во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прв историски весник за Кисела Вода е промовиран денеска во Општината во рамки на проект посветен на зачувувањето на локалното културно-историско наследство. Весникот е насловен „70 години Кисела Вода – историја и култура што не се заборава“ и е објавен во соработка со Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид.

Општината соопшти дека се работи за значајна публикација која е траен белег и потсетник за нејзиниот континуиран развој во изминатите седум децении, но и доказ за успешната соработка помеѓу институциите и образовниот сектор во насока на едукација на младите.

-На настанот покрај градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, говореа Билјана Јанева од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и наставникот по историја и советник во Советот на Општина Кисела Вода, Сашо Андонов. Присуствуваа и презентираа и директори од училиштата, повеќе други наставници по историја: Стефан Штерјов, Тони Петрушевски, Дончо Лозановски, Гордана Плетварска, Даниел Божиновски, Филип Скоков, како и учениците што во изминатиот период посветено и активно работеа на истражувањето и подготовката на содржините за весникот, се наведува во соопштението.

Реклама

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска посочи дека 70 години историја сега се собрани во еден весник.

-Наша должност е да ја документираме локалната историја, бидејќи тоа им го должиме на генерациите што доаѓаат. Упатувам искрена благодарност до сите вклучени училишта, а особено изразувам огромна почит за менторите, наставниците и нашите ученици кои професионално го изведоа целиот процес. Нивниот труд покажува како вистински се сака и чува сопствениот идентитет. На учениците им порачувам: правете големи дела, за утре вие да бидете оние кои со своите успеси ќе се најдат во историските записи на нашата општина, токму како во овој весник. Младите мора да го познаваат своето наследство, а Општина Кисела Вода ќе продолжи институционално да ги поддржува ваквите иницијативи за традицијата да остане трајно запишана, истакна Стаменкоска-Трајкоски.