Реклама
Македонија

Промоција на Водич за декарбонизација за мали и средни претпријатија

Стопанската комора на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска ќе промовираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанската комора на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска ќе промовираат Водич за декарбонизација наменет за малите и средните претпријатија во земјава.

Онлајн водичот е практична алатка за поддршка на нивниот премин кон поодржливо и нискојаглеродно работење. 

На промоцијата најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, евроамбасадорот Михалис Рокас и претставникот на ЕИБ во земјава Бјорн Габриел.