Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Промоција на монографијата „Предизвици и можности за отворена општествена наука во Македонија“

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ИСППИ-УКИМ) денеска ќе ја промовира монографијата „Предизвици и можности за отворена општествена наука во Македонија“.

-Истражувањето врз кое се темели монографијата е спроведено во 2023–2024 година и ги опфаќа четирите клучни аспекти на развојот на отворените истражувачки практики во земјата: ставовите и искуствата на научниците, достапноста на истражувачките инфраструктури, правната рамка и начинот на кој државните институции користат научни податоци. Наодите се обработени со цел да се обезбеди подлабоко и поцелосно разбирање на актуелната состојба, како и за формулирање препораки за јавни политики насочени кон различни чинители. Истражувањето е поддржано од Интегративните функции на УКИМ, соопшти Институтот. 

На промоцијата ќе се обратат авторите и членови на истражувачкиот тим, по што ќе следува дискусија посветена на клучните аспекти од имплементацијата на отворените научни практики во општествените и другите дисциплини.
 
Според ИСППИ, настанот е можност за размена на мислења меѓу академската заедница, институциите и другите релевантни чинители за насоките и предизвиците во унапредувањето на отворената наука кај нас.