Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Промоција на книгата „Видено под ноќна светилка“ од Филип Клетников вечер во Гевгелија

Промоција на книгата „Видено под ноќна светилка (записи на стражарот)“ од Филип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промоција на книгата „Видено под ноќна светилка (записи на стражарот)“ од Филип Клетников ќе се одржи вечер во 20 часот во малата сала на Народен театар – Гевгелија, во организација на Градската библиотека „Гоце Делчев“.

Делото е прва прозна книга на Филип Клетников, кое во себе ги обединува карактеристичните жанровски определници на прозната песна, краткиот расказ и есејот, велат организаторите.

Оваа хибридна форма му овозможува на Клетников да го распосле својот веќе препознатлив рефлексивен универзум во кој како ѕвезди усвитени до точка на експлозија светат најдлабоките егзистенцијални прашања и внатрешни човечки конфликти, (рас)чекорот помеѓу сетилното, стварното и спознајното на еден нов, естетски смел и непредвидлив начин, се вели во најавата на промоцијата.

Реклама

Филип Клетников (1984) е македонски поет, есеист, раскажувач, кој во моментов докторира и предава на Катедрата за уметност и наука при Универзитетот во Орегон, САД. Автор е на збирките поезија: „Ништоцвет!“ (2025), „Стојач на работ“ (2018), „Метафизички сино“ (2016), „Крило и непрелет“ (2011), „Некаде помеѓу“ (2007), и голем број статии објавени во литературни списанија, како „Современост“, „Разгледи“, „Книжевно житие“ и други.

Промоцијата на неговата книга вечер во Гевгелија ќе биде збогатена со музиката на Теодора Гошева – Капсарова – Теда.