Реклама
Прилози

Програмски конгрес на СДСМ: Филипче пречекан со аплауз, но и празни делегатски столчиња

Аплауз, но и празни делегатски столчиња го пречекаа Венко Филипче и партиското раководство, на како што сами си го нарекоа 32-от програмски конгрес. По речиси две години раководење со партијата, Филипче сега ќе ја враќал социјалдемократијата во своите редови. Повторно со веќе слушнати пораки, дека ќе ја победеле корупцијата, ќе обезбеделе подобар живот на грааните, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аплауз, но и празни делегатски столчиња го пречекаа Венко Филипче и партиското раководство, на како што сами си го нарекоа 32-от програмски конгрес. По речиси две години раководење со партијата, Филипче сега ќе ја враќал социјалдемократијата во своите редови.

Повторно со веќе слушнати пораки, дека ќе ја победеле корупцијата, ќе обезбеделе подобар живот на грааните, партискиот лидер сега реши да се обрати директно до членовите дека морало да ја вратаат идеологијата која ја имале социјалдемократите.

-Има моменти во историјата на една партија кога не се менува само програмата, туку се преиспитува и основата, а ние денес сме должни токму тоа да го направиме, да ја погледнеме сопствената историја без фалбаџиство и да ја потврдиме вербата без лажна патетика. Да ја обновиме вербата, да ја вратиме правдата, да ја растуриме маглата, да ја отвориме иднината, кажа Филипче.

Реклама

Иако директно не го спомена поимот уставни измени, Филипче повторно во свој стил, погласен од Бугарија дека Бугарите морало да влезат во Уставот, и тоа било единствениот пат кон Европската Унија.

-Сака да седи на маса со Макрон и Мерц, но не сака дома да ја каже вистината на чекорот што мора и треба да се направи, односно да измислува и да ги плаши граѓаните со наводно губење на идентитетот и јазикот. Сака да зборува дека проширувањето е живо, а одбива да се соочи со единствениот услов што и самата Европа јасно го повторува.

Дел од поранешните високи партиски фунцкионери меѓу кои и екс лидерот Димитар Ковачевски, сметаат дека СДСМ е сериозна партија и мора секогаш да биде подготвена за избори и покрај катастрофалниот рејтинг.

ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ- поранешен претседател на СДСМ: Јас не сум ги видел последните анкети да бидам искрен, меѓутоа секоја сериозна партија, а СДСМ е една од најголемите партии во Македонија, мора во секое време да е подготвена за избори, изјави Ковачевски.

-Сега ќе гледаме и ќе уживаме, кратко кажа Љубомир Фрчкоски

-Јас сметам дека граѓаните се спремни за избори и после понудената опција денес и платформа сметам дека граѓаните, јасна разлика помеѓу тоа што се нуди до денеска овие две години и тоа што им кажуваме дека ќе го понудиме, изјави Фатмир Битиќи

Кандидатот за градоначалник на Струмица на последните локални избори, Марјан Даскаловски вели се подготвуваат за избори, иако како што самиот кажа мал им бил рејтингот.

-Се спремаме за предвремени парламентарни избори, денеска треба да ја усвоиме програмата, има многу интересни работи. (Дали со овој рејтинг СДСМ е спремен за избори?) Па, рејтингот ни е мал, но се надеваме дека граѓаните гледаат, кажа Даскаловски.

СДСМ на последните избори заврши како петти во трката на локалните избори во Скопје, но според поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов, партијата била на добар пат.  

-Мислам дека на добар пат е СДСМ. (Мислам дека сте од Скопје и знаете дека можеби друга партија е над СДСМ во моментов?) Не знам, не сум баш сигурен за тоа, фала многу, кажа Андов.

На конгресот се обратија и претставници на сестринските партии на СДСМ од регионот, но ниту еден партиски претседател, туку само членови на раководствата. Од поранешните партиски лидери присутни беа само Ковачевски и Бучковски, а ги немаше Бранко Црвенковски, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Матеја Петровски