Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Професорите ја поддржуваат стратегијата на државата: Мерките за земјоделците клучни за намалување на увозот

Лошите политики и очајните мерки кои со години ги превземаше државата го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лошите политики и очајните мерки кои со години ги превземаше државата го зедоа својот данок, Македонија која е аграрна земја увезува  дури 70 % од земојделските производи.Тоа што сме увозно зависни не значи дека немаме капацитет да произведуваме доволна количина на здрава и безбедна храна.Државата сега нуди огромни можности, ги субвенционира земјоделците доделува неповратни грантови,но за жал сите тие поволности остануваат неискористени.Доколку младите не се свртат кон производство,храната во блиска иднина за нас ќе биде луксуз,укажуваат универзитетските професори.Tие се оптимисти дека нештата ќе се променат.

Па тоа е малку повисока политика и можеби лоша државна стратегија, меѓутоа мислам дека во иднина тие бројки би се намалувале.Видовме дека и тоа како имаме услови за да произведеме здрава и безбедна храна и полека е поголем интересот кај младите да работат овде кај нас и да се занимаваат со сопствено производство каде што таа стапка и тој процент на увезено би го намалиле “-вели Билјана Ристаќовска Ширговска-Факултет за земјоделски науки Скопје

И не се проблем само земјоделските производи,Македонија увезува месо од јужна Америка и Источна Азија.Градовите ни се празнат а што остана за селата, потребна е државна стратегија со која ќе се стимулираат сточарите.

Реклама

 Сточниот фонд се повеќе се намалува,од говедско месо сме увезно зависни не само ние и нашата околија, а Бразил е производител на говедско месо.И пилешкото месо токму доаѓа од Бразил.Ние со свинско месо не можеме само за свежа потрошувачка да го потрошиме,а не пак за индустриски капацитети.Значи се се увезува кај нас, ние немам суровини за производство на преработки од месо-вели проф. Александра Силоска Николова,Факултет за земјоделски науки Скопје

И во едни вакви услов прашање е каква храна завршува на нашата трпеза, Агенцијата за храна и ветеринарство само пред Велигден уништи околу 2 тона небезбедна храна,а до средината на месец мартнад 40 тони небезбедна сувомесни производи.

Инаку ресорниот министер Трипуновски најави и дека преку програмата за рурален развој ќе се интервенира младите земјоделци да се вратат на нивите,за нивното влегување во земјоделскиот секор ќе бидат и финансиски поддржани од државата.