Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Продолжува бојкотот на наставата во училиштетот со Чашка – учениците ќе ја повторуваат годината?

Министерот за образование не се откажува од албанската паралелка во училиштетото „Тодор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за образование не се откажува од албанската паралелка во училиштетото „Тодор Јанев“ во Чашка. И во второто полугодие од школската година МОН не најде решение за проблемите во школото. Родителите продолжуваат со протестите и бараат оставка од директорката Елена Николова, а учениците ќе продолжат да ја бојкотираат наставата. Од МОН се децидни дека албанската паралелка мора да продолжи до крајот на годината, а потоа ќе се разгледуваат опциите за трајно решение. 

Родителите ако имаат предлог за нов директор на училиштето нека го достават до МОН.Се разгледува и можноста за враќање на ингеренциите врз училиштето од страна на општина Чашка.Ние бараме, шестте ученици да ја завршат годината во училиштето Тодор Јанев а потоа ќе се бара друга опција” – велат од МОН.

Учениците ја бојкотираа наставата во првото полугодие, родителите протестираа секојденвно против работењето на директорката на училиштето и за како што велат незаконското воведување на нова паралелка на албански јазик, но на министерот тоа изгледа не му значи многу.

Реклама

Министерот минатата година, јавно ги повика родителите да му достават предлог решение, тој не прифати ниту едно. Една од понудените опции кои му беа доставени во кабинетот беше албанската паралелка да се воведе во соседните села Сливник или Бањица каде што мнозинството жители се од албанска националност.

Директорката на училиштето тврдеше дека имало основ за формирање на алабанска паралелка.Според неа, родителите и жителите неосновано протестирале. И побара да не се прави етничка поделба.

Инаку, училиштетo “Тодор Јанев”  според статутот е само за настава на македонски јазик, и во населено место со Македонци, во кое според лична карта на родителите нема регистрано ниту еден ученик со албански мајчин јазик.