Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Продолжи судењето за пожарот во „пулс“, Костадиновска не се согласува дека членовинте на „ДНК“ ја запалиле дискотеката

Не се сложувам со констатцијата дека бендот ДНК ја запалиле дискотеката кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не се сложувам со констатцијата дека бендот ДНК ја запалиле дискотеката кога се активираа прскалките, рече придружниот вокал на бендот, Ана Костадиновска, на последното рочиште за трагедијата во Кочани. Таа објасни што се случувало кобната ноќ. Ми изгореа гласните жици. Добив изгореници по целото тело, сведочеше Костадиновска.

Дополни дека на рефренот од песната „што сака нека биде“ се вклучувале прскалките. Брзо потоа почувствувале голема топлина, а пејачот Панчо со ПП апарат, се обидувал да го гаси пожарот.

„Пробавме да излеземе од вратата кај сцената. Беше заклучена. Заедно со Сара продолживме да одиме кон главниот излез. Кај шанкот се разделивме. Паднав пред излезот. Се трудев да останам будна. Ногата ми беше приклештена, врз мене имаше многу луѓе, мислев дека нема да излезам. Не можам со зборови да опишам колку беше страшно. Потоа се почувствува свеж воздух, што ни даде надеж за спас, не знам како се отвори вратата, еден дечко се помрдна, ја извадив ногата и еден од луѓето кои беа надвор ме извлече. Останав пред диското 2 или 3 часа, чекајќи ги моите другари“, рече Ана Костадиновска, придружен вокал на групата „ДНК“. 

Реклама

По Костадиновска пред судот сведочеше и 20 годишниот Алберто Миладинов, кој од својата 16 година одел во диското и никогаш не му било побарано да се легитимра со лична карта. Речиси на секој настап се користела пиротехника и често имало рации.

Тој се присети дека на кобната вечер приметил како женска особа од бендот ги поместила прскалките кои претходно биле поставени од друго лице. Според него, најверојатно тие и пречеле, па затоа ги разместувала.

Родителите кои беа присутни на судењето побараа правда, е не одолговлекување на судскиот процес.

„Ние не сме тука за одмазда, ние сме тука за одговорност. Бараме судот да ја утврди вистината до крај. Бараме да се испита секоја институционална алка од локално и централно ниво. Бараме одговорност од не само за оние кои управувле со објектот туку и за службени лица кои дозволиле незакитости“, рече еден од родителите.

Адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шефкет Хазари од Министерството за економија, побара преиспитување на обвинението за да се утврди кој бил директно инволвиран, а кој не.

„Оваа лакрдија која што се случува во конкретниов предмет, ЈО е должно да ја прекине, бидејќи надвор од материјалниот аспект на трошоците, изложуваме премногу луѓе на трауми. Тоа е едниот аспект. Вториот аспект, повеќе од 80% од луѓето со ваквата квалификација се повеќе од невини во оваа судница, со многу голема леснотија на тие луѓе им се ставаат 63 човечки животи на душа и тие луѓе и нивните семејства година дена живеат со тој факт“, изјави Петре Шилегов.

На рочиштето, адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, побара судот да донесе решение за негово пренесување во затворот „Идризово“, тврдејќи дека во затворот во Куманово има „деградирачки, нечовечки и понижувачки“ однос кон обвинетиот.

На рочиштето се сослушуваа сведоци, кои од свој агол објаснуваа што се случуваше на 16-ти март лани, кога загинаа 63 луѓе а над 200 беа повредени.