Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Продолжен викенд во Охрид: Врие од туристи од Европа и домашни

Охрид кој е меѓу само 28-те места во целиот свет кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид кој е меѓу само 28-те места во целиот свет кои се на листата на УНЕСКО поради природните и културни богатства и кој се вброи меѓу 30-те најубави мали градови во Европа,никого не остава рамнодушен. Продолжениот празничен викенд го раздвижи нашиот  туристички центар, донесувајќи гости од целиот свет. Вљубениците во Охрид уживаат во македонскиот бисер, најбројни се гостите од опкружувањето ,а забележливо е присуство и на гости од многу европските земји. Широка насмевка ги краси лицата на странските туристи чиј пат ги навел во Охрид.

–“Доаѓаме после 15 години и зачудувачки, не дочека истата слика, градот како да застанал во времето.Ме фасцинара тоа што стариот дел на градот оставал ист,непроменет. Ладно е за пикник,но неодминлива дестинација е Свети Наум.- Ова е убав град, ги сакам македонците, го сакам македонскиот јазик кој и го говорам. Едноставно ја сакам Македонија бидејќи и влечам корени од тука. Деновите ни се испланирани, ќе одиме на крстарење, ќе ги посетиме сите знаменитости на Охрид. Синот се вика Наум,затоа со огромна радост ќе го посетиме и комплексот Свети Наум. -Имам пријатели од Македонија кои ни предложија да ја посетиме. И не погрешивме што дојдовме, ќе понесеме убави впечатоци.Ова е град музеј”-велат туристите

Никој не се фаќа за џебот, уживаат во долгите прошетки по чаршијата, кејот, обиколувајќи го стариот дел на градот,вдишувајќи ја убавината на големото плаветнило.

Реклама

Иако календарски сме на прагот на летото,временски услови повеќе потсетуваат на доцна есен,а со нив како да се менуваат и навиките. За разлика од минатото, кога први мај значеше полни излетнички места, мирис на скара и наздравувањата со чаша добро вино или ракија во природа, денес таа традиција сè повеќе избледува.

–“Веќе сме на пикник во најубавиот Охрид. -Претежно дома сега, не е тоа време што беше,нели. -Планирам пикник,но не знам со времето како ќе биде, но сепак ако не денес , утре сигурно. Гледате разлика како порано сме го славеле први мај ? Голема разлика, голема имаше дружба, го очекуваме тој момент да се собереме, да наздравиш и песна, ама сега песна тешко се слуша”-велат граѓаните

Но, музиката сепак не изостана. Во срцето на Охрид, низ улиците и плоштадите, продефилираа членови на културно-уметнички друштва од 7 држави кои учествуваат на меѓинародниот фестивал “Костоски” .Звуците на народните инструменти и разиграните чекори внесоа топлина  во градот.

-“Па ние прв пат сега се запознавме со нив тука ,со песни, со ора насекаде пееме,еве до Света Софија ќе одиме со песни и со ора. -Ние сме од Хрватска,но сме челнови на словенско културно друштво од Умаг.Одлично е,дружбата е прекрасна.-Со голема радост дојдовме тука да ја преставиме словенската народна музика,не има 60-тмина. Дојдоме во Македонија бидејќи многу убаво се разбираме,а Охрид е прекрасен”-велат учесниците на фестивалот

Охрид останува место каде што празничниот дух секогаш наоѓа начин да оживее. Охрид не обврза секоја година да доаѓаме и не само тоа, си ветивме дека ќе доаѓаме побројни-да се дружиме со вас, да се спријателиме-велат нашите соговорници.