Реклама

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Македонија

Продолжен притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација

Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација. 

Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за определување притвор и изрекол куќен притвор, сметајќи дека тоа е доволно да обезбеди присуство на Васев на судењата, но тоа по жалбата од Обвинителството Апелација го преиначила. 

-Во жалбата тие ставија едноставно две реченици во кои што се сомневаат дека од куќен притвор Васев може да избега и со личната карта да отиде на граница и да избега од државата. Ве молам, второто дека може и без лична карта да избега преку некаков див граничен премин и третото е дека, и ако тоа не го направи, дека може да се скрие некаде на територијата на Македонија. Па тоа не се правни аргументи, тоа се аргументи за лаици кои што не познаваат право. Тие аргументи Апелација тогаш ги усвои и одреди притвор. Тие аргументи не се аргументи, се надевам дека пак се враќаме на тоа дека решаваа под огромен притисок и без да водат сметка за правните аргументи донесоа таква одлука. Се надевам дека сега е тоа време да се поправи, изјави Спирковски. 

Реклама

Како одбрана, посочи тој, приложиле нови докази на околности, за кои рече дека не биле досега ценети воопшто и кои, како што нагласи, покажуваат дека сето она што го поставува како основ за првичното, иницијално барање на Обвинителство за определување мерка притвор, не стои. 

-Пред се дека навистина се направени тешки дела за кои се предвидени големи казни. Тоа не стои. Од едно продолжено кривично дело, или дејствија на продолжено кривично дело, повеќе истородни кривични дела, тие вештачки прават три кривични дела. Наместо да биде само злоупотреба на службената положба, како продолжено дело, тие сега даваат вештачки уште измама и проневера во службата, а се со цел да се добие што е можна повисока казна на затвор, а тоа во правото нема никаква подлога, појасни Спирковски.

Втората околност, како што рече Спирковски, беше фактот дека е направена огромна штета од 35 милиони евра, колку што проструи во јавноста, за што како што нагласува одбраната доставила докази дека нема никаква штета. 

-Третата околност беше дека „со непобитини докази заради кои очекуваат осудителна пресуда.“ Прво, не е коректно презумцијата на невиност да се гази на тој начин, да кажете однапред дека сте сигурни дека ќе биде осудителна пресуда. Второ, нивните докази се се, само не непобитни. Ние доставуваме и факти и аргументи и докази, дека тоа се незакониот добиени, како формален аспект, а стручниот аспект е дека се доказите нестручни и тенденциозни, што е за економското вештачење направено од претходно организационен директор на Клиниката. Тотално несртучно и тенденциозно, изјави Спирковски.  

Очигледно е, според Спирковски, дека овој огромен притисок под којшто работат судиите, дава негативни резултати, па наместо да одлучуваат согласно фактите, доказите и законот, тие одлучуваат на основа на притисоците. 

-Ова е една добра прилика за целокупното правосудство да се издигне над целата оваа ситуација и да ја зголеми довербата на јавноста решавајќи го овој предмет, кој што е школски пример, по закон соглсно фактите и доказите, а не да судат врз основа на притисоци нечии, изјави Спирковски. 

На денешното рочиште пред Судот беа сослушани сведоци кои се поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката во периодот додека директори биле сега обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи. 

Спирковски, во однос на нивното сослушување, рече дека сведоците во овој предмет се безпотребни и дека за злоупотреба на службена положба и за економски криминал компететнтни се вешти лица.