Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Продлабочување на правосудната соработка меѓу Македонија и Хрватска во фокус на средбата Шасивари и Тигањ

Тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда биле во фокусот на денешната средба на министерот за правда, Јетон Шасивари, со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ. 

Како што соопшти Министерството за правда, посебен акцент бил ставен и на размената на знаења и искуства во усогласувањето на домашното законодавство со правото на Европската Унија, како и на јакнењето на институционалната соработка.

– Хрватска е наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција, а нејзиното искуство од процесот на интеграција во Европската Унија е од особено значење за нашата држава. Ова искуство, особено во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, претставува значајна поддршка за нашата држава на патот кон членство во Европската Унија – стои во соопштението од министерството

Реклама

Оттаму дополнуваат дека на средбата била потврдена и заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и размената на искуства со цел унапредување на реформските процеси и забрзување на европската интеграција на државата.