Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Проданоски: Ребалансот на Буџет е развоен и тоа може да го каже секое стручно лице

Помина точно една година од формирањето на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помина точно една година од формирањето на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и една работа е потполно сигурна. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само една година на економски, финансиски и развоен план направи десет пати повеќе отколку претходните влади на социјалдемократите, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски од собраниската говорница каде предмет на расправа е ребалансот на Буџетот.

Тој посочи дека ребалансот којшто е стигнат во Собранието и за кој се дискутира, доволно е да го погледнат стручните лица и веднаш ќе забележат дека тој е развоен.

„Нам, пак, пратениците ни е најважно да се спроведува програмата која чекори по патот на економски развој и напредок и, притоа, придонесува за развој и значително подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Секој Буџет или ребаланс на претходните влади на Социјалдемократскиот сојуз го коментирале, буквално сите, бидејќи знаеле дека се не развојни и упропастувачки за македонската економија и македонскиот народ. А, од друга страна, дека тие пари завршуваа во џебовите на десетина луѓе од СДСМ“, рече Проданоски.

Реклама

Тој додаде дека изминатите години се случи најголемиот грабеж што можеше да и се случи на нашата држава, додека денес, по точно една година, тие рани од грабежот кој го направи СДСМ и дел од луѓето што седат тука во оваа сала од опозицијата, се залечуваат со домаќинско работење

Проданоски посочи дека денес се санираат штетите од фиктивните поврати на ДДВ кои се исплаќаа на блиски луѓе до СДСМ и дека преку Управата за јавни приходи, денес, се сузбива криминалот од стотици милиони евра кој го направија другарчињата на Венко Филипче од Струмица и слични на нив.

„Денес ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и транспарентно и без скандали. За пензионерите се покачуваат пензиите, за земјоделците се исплаќаат субвенции и се развива секторот. За здравствените работници се обезбедуваат, максимално, најдобри услови, за младите се спроведува стратегија, за тие, својата иднина да ја градат тука. Се обезбедуваат услови за отпочнување сопствени бизниси, се обезбедуваат услови за младите од руралните средини. За образованието се обезбедуваат максимални услови, веќе не фалат книги по неколку месеци и секое дете има еднаков третман“, рече, меѓу другото, Проданоски.