Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Проблемот со струшката депонија стигна до Европскиот суд за човекови права

Струшката дива депонија се сели во Европскиот суд за човекови права. Граѓанските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшката дива депонија се сели во Европскиот суд за човекови права. Граѓанските активисти правдата ќе ја бараат во Стразбур,откако цели 4 години судовите се прогласуваат за ненадлежни и постојано го шетаа предметот за на крај да ја отрфлат тужбата која Македонското здружение на млади правници ја поднесе против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално“ поради непревземање мерки за справување со депонијата која ги труе 18 години.

„Во ситуација кога неможеме да добиеме правда од македонските судови, истата ќе ја бараме пред Европскиот суд за човекови права.Впечатокот кој го имам јас, е дека македонските судови тешко излегуваат од онаа матрица, постојано да ги заштитуваат државните и јавните органи, дури и кога имаме ситуација на прекршување на основните човекови права и уставно загарантираното право на здрава животна срединa“ вели Глигорие Ќароски-адвокат

Mакедонските судови не само што не покажаа доволен капацитет да одлучуваат по вака битни прашања за заштита на јавниот интерес на граѓаните,туку несоодвено и неаргументирано ја отфрлија тужбата.Праксата на Европскиот суд за човекови права е дека решавањето на проблематика како оваа со струшката депонија спаѓа во надлежност на редовните судови-дециден е Ќатоски

Реклама

„Праксата во Стразбур е многу јасна. Неможе никој да не е надлежен за нелегална депонија и енормно загадување на животна средина. Ние во текот на постапката доставивме неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права, каде е утврдена повреда од Член 8 од Европската конвенција во слични вакви ситуации. Апелациониот суд во Битола и Судот во Струга не ја зедоа во предвид праксата на Европскиот суд со аргументација немало доставени пресуди против Република Македонија, кои би можело директно да се применуваат“ вели Ќатоски

На депонијата која се наоѓа на плодното струшко поле каде во непосредна близина има и посеви, чиј род завршува на пазарите,а е оддалечена само 500 метри од првите куќи во градот се натрупани илјадници тони секаков вид отпад. Инаку на постоечката локација започна да се одлага отпад  во 2006-та година кога со Струга граданочалстуваше токму Рамиз Мерко на кому депонијата му беше главно ветување во битката за сите 4 градоначалнички мандати.