Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Приведен е поранешниот директор на Царина, Стефан Богоев, се сомничи за местење тендер

Стефан Богоев, екс претседателот на СДСМ, додека директорувал со Царината, примил мито од околу 1800 евра за да намести тендер со кој одржувањето на царинските терминали на границите, да го добие фирмата каде работел Александар Спирковски познат како Џемо.  Богоев влијаел врз неговиот заменик Семир Муса во условите на тендерот да бидат така наместени за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стефан Богоев, екс претседателот на СДСМ, додека директорувал со Царината, примил мито од околу 1800 евра за да намести тендер со кој одржувањето на царинските терминали на границите, да го добие фирмата каде работел Александар Спирковски познат како Џемо.  Богоев влијаел врз неговиот заменик Семир Муса во условите на тендерот да бидат така наместени за да може да добие фирмата која веројатно ги дала 1800-те евра како мито. Финансиската полиција поднесе кривична пријава, а обвинителството бара сите четворитца осомничени да одат во притвор.

  • „..Пријавениот С.Б. како директор влијаел во тендерската документација и техничката спецификација да бидат внесени ограничувачки критериуми, а пријавениот С.М., како помошник директор, влијаел врз други правни субјекти да не учествуваат во постапките за јавна набавка, со што обезбедиле услови за избор и му овозможиле на пријавеното правно лице да се стекне со противправна имотна корист од големи размери во вкупна вредност од 18.479.692 денари“ велат од Финансова полиција.

По помината цела ноќ во полициска станица, Богоев ќе треба да даде исказ пред судот кој ќе одлучи дали ќе го прати во Шутка или пак ќе се одлучи за некоја поблага мерка.

Финансова и обвинителството се сомневаат дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на една фирма и ограничување на конкуренцијата му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 300 илјади евра.

Реклама
  • „Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, додека второосомничениот, во својство на помошник директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката.
    Во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание, при што првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание“ велат од ОЈО ГОКК.

Осомничените ќе се гонат за Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание.

Како што е познато, Богоев беше од клучните луѓе во СДСМ во времето на Зоран Заев, па потоа и Димитар Кочвачевски. Стигна дури и до влијателната функција потпретседател на партијата. Претходно, беше градоначалник во еден мандат на Општина Карпош.