Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти детали за вчерашната акција за извлекување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти детали за вчерашната акција за извлекување на безживотно тело од Шар Планина, на надморска височина од околу 2.500 метри.  Станува збор за 74 годишниот А.С. од тетовско Џепчиште, кај кого по извршените прегледи е констатирано дека се работи за природна смрт. Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството за погреб.

-На 20.09.2026 во 14:37 часот во СВР Тетово, група планинари пријавиле дека на пешачка патека на надморска височина од околу 2.500 метри, на местото викано „Црн Врв“, забележале тело на повозрасно лице без знаци на живот. Според пријавеното, се работи за A.С.(74) од село Џепчиште, чиј идентитет бил потврден од страна на М.Ј., кој претходно пешачел со него. За настанот е известен дежурен јавен обвинител од ОЈО Тетово, соопшти СВР Тетово.

Поради непристапноста на теренот, за извлекување на телото со хеликоптер ангажирани се тимови од Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици на МВР кои го извлекле телото на починатиот и го префрлиле во Одделот за Судска медицина при Клиничка болница Тетово.